Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:05 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Во руските православни храмови ќе се одржат литургии „за искоренување на омразата и злобата“

    Во руските православни храмови ќе се одржат литургии „за искоренување на омразата и злобата"

    Во сите храмови на Руската православна црква денеска ќе се одржат литургии за „зголемување на љубовта и искоренување на омразата и секоја злоба". Патријархот Кирил ќе одржи служба во московскиот храм „Христос Спасителот" во 19:00 часот по локално време. 
    ruska-crkva2

    Тој вчера во својата резиденција во Переделкино, крај Москва, одржа служба за жртвите од терористички напади во Волгоград. Патријархот им изрази сочувство на роднините на загинатите, а извршителите на нападот ги нарече „непријатели на Русија" и изрази уверување дека тие нема да успеат никого да заплашат.

    Авион Ил-76 на Министерството за вонредни ситуации синоќа во Москва пренесе седуммина ранети во двете експлозии во Волгоград, од кои петмина мажи и две жени. Тие се хоспитализирани во различни болници во Москва.

    Во Волгоград останаа неидентификувани три тела, на две жени и на еден маж, кои загинаa во експлозијата на железничката станица на 29 декември.

    Денеска ќе бидат погребани првите жртви од двата напади во Волгоград, во кои загинаа вкупно 33 лица.

       (Денешен Весник)

        31 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 254 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024