Двајца припадници на радикалните исламистички групи во областа на северен Kавказ се ликвидирани во четвртокот, во операција во Хасавјурт, соопштија безбедносните органи на руската република Дагестан. Двајцата осомничени биле блокирани во стан во Хасавјурт во кој имало уште жена со дете. Тие не го прифатиле повикот на полицијата да се предадат, а го ослободиле детето, додека жената одбила да излезе од станот.
- Активната фаза од операцијата е завршена, ликвидирани се двајца припадници на криминална група - рекол извор од дагестанските безбедносни сили за РИА Новости, не прецизирајќи што се случило со жената.
Засега нема информации ниту за идентитетот на убиените милитанти.
Близу Хасавјурт во округот на Назран во мај 2013 година во жестоки престрелки меѓу специјалните сили и исламистичка група беше елиминиран Џамалејил Муталиев, десната рака на џихадистичкиот водач Доку Умаров. Во истата операција беше ликвидиран уште еден од повидните челници на милитантите од Kваказот, Алисхан Оздоев.
Исламистите од Kавказ преку својот лидер Умаров, кој се прогласи за емир на т.н. емират Kавказ, во кој влегуваат Дагестан, Чеченија и Ингушетија, најавија во септември 2013 година дека максимално ќе се борат за да го оневозможи рускиот претседател Владимир Путин во организација на Олимписките игри во Сочи.