Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    БОМБАШОТ ОД ВОЛГОГРАД ОСТАВИЛ ВИДЕОСНИМКА ЗА РОДИТЕЛИТЕ

    БОМБАШОТ ОД ВОЛГОГРАД ОСТАВИЛ ВИДЕОСНИМКА ЗА РОДИТЕЛИТЕ
    Болничарот Павел Печенкин, кој во неделата ја активира бомбата на железничката станица во Волгоград при што беа убиени 17, а ранети 45 лица, во март минатата година оставил видеопорака за своите родители, во која им порачува дека „ќе ја следи волјата на Алах" и дека нема да се враќа дома.

    Идентитетот на волгоградскиот бомбаш, кој во пролетта 2012 година преминал во исламот и им се придружил на дагестанските терористи, го потврдија и московските власти. Печенкин, кој работел како болничар, во 2011 година ја напуштил родната куќа, заминал во Дагестан и го променил своето име во Ансар ал Руси. Тој на видеоснимката на своите родители им порачува дека во Дагестан заминал за да ја задоволи волјата на Алах и да стигне до рајот. 

    Неговиот татко Николај, го предупредил својот син да го остави оружјето пред да стане терорист. 

    - Дали сите муслимани носат оружје? Вие сте едноставно така тврдоглави! Што ти згрешиле тие луѓе? Убиваш деца - одговорил Николај на пораката на Павел.

    Мајката на Печенкин, Фаназија, додала дека и таа е муслиманка, но синот го замолила да стои настрана од насилството.

    - Не верувам дека Алах кога било кажал оти луѓето треба да се убиваат - порачала таа, молејќи го синот да се врати дома. 

    Во одговорот кон родителите, Печенкин изјавил дека тешко му паѓаат нивните солзи, но дека не сакал ниту да ја види пораката за таа да не го отргне од вистинскиот пат и да го поколеба, додавајќи дека нема намера да се врати. На родителите тој им порачал да не веруваат во с` што ќе слушнат за муслиманите на телевизија и радио, изјавувајќи: 

    - Ние не убиваме деца, но овде гледам многу деца што плачат по своите татковци.

      (Дневник)
       4 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 198 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024