Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 8:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Русија и Британија на раб на војна?

    Русија и Британија на раб на војна?

    Рускиот воен брод се приближи на помалку од 50 километри од крајбрежјето на Велика Британија, но кралската морнарица има само еден брод кој би можел да одговори на таа закана


    Сето ова се случувало само неколку дена пред Божиќ, а деталите од овој инцидент беа обелоденети дури вчера.
    Имено, еден од бродовите на руската воена морнарица бил забележан близу Шкотска, а британската морнарица имала само еден брод кој би можеле да го испратат за да ги пресретнат Русите. Проблемот е што на британскиот брод би му требале 24 часа за да стигне на локацијата.

    Веднаш се алармирани сите известувачки и контраизвестувачки служби на воената морнарица и военото воздухопловство. Уште поголема паника настанала кога снимките покажале дека рускиот брод во целост бил вооружени со проектили. Британската команда веднаш одлучила да го испрати бродот „Дефендер" кој инаку се ангажира во кризни ситуации.

    И додека „Дефендер" бил на својот пат од речиси 1.000 километри, рускиот брод, мирно го чекал. Делувало како рускиот капетан да го мерел времето во кое британскиот брод би требало да пристигне.

    -Тоа не е вежба. Рускиот брод се однесувал крајно агресивно близу границата со британските води. Тој бил набљудуван од цело кралско воено воздухопловство, но било одлучено во пресрет сепак да му тргне „Дефендер" - изјавил добро упатен извор.

    Според него, „Дефендер" бил подготвен секој момент да реагира, затоа што екипажот бил свесен дека работата е сериозна. До судири не дошло. Рускиот брод полека се повлекол во Балтичкото море, до каде го испратил „Дефендер", а потоа британскиот брод се вратил во пристаништето во Глазгов.

    Синоќа, британскиот експерт Џонатан Ијал, рече дека Москва сакала да го заплаши Лондон.

    -Руската флота која е во фаза на раст и јакнење, сакаше да го покаже своето влијание во Северното море, со тоа што ќе плови долж границата. Точно знаеле што прават. И точно знаеле колку далеку смеат да впловат пред да се повлечат - рече Ијал.

       (Нова Македонија)

        5 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 201 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024