Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 2:32 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Русија запловува во Медитеранот преку Црна Гора и Кипар

    Русија запловува во Медитеранот преку Црна Гора и Кипар

    Според планот на рускиот претседател Владимир Путин, до 2015 година руската воена морнарица би требало да крстосува по водите на Средоземно Море на идентичен начин и по еднаква бројност како што тоа сега го прават бродовите на САД и на НАТО. За таа цел Кремљ предвидува воени морнарички бази во Црна Гора и на Кипар


    ГЕОПОЛИТИЧКА ПОМОРСКА БИТКА

    Русија минатиот месец и официјално побарала од Црна Гора да изгради модерна морнаричка база на Јадранско Море. Како што пишуваат руските медиуми, станува збор за поморска база, која ќе има капацитет во какви било временски услови и во кој било дел од годината да може истовремено да закотви, да опреми, да ремонтира и да вооружи меѓу шест и десет воени брода на руската военооперативна флота. Доколку црногорската влада одговори позитивно на ова барање, руската армија би можела за помалку од една година да го изгради своето идно утврдување близу пристаништето во Бар.

    Според рускиот весник „Комерсант", токму ова идно воено пристаниште на Кремљ е замислено да функционира како стратегиски центар и заднинска поддршка доколку руските трупи, кои се сега стационирани во пристаништето „Тартус" во Сирија, бидат нападнати од непријателски сили.

    ЗОШТО ТОКМУ БАР?

    Весникот наведува дека руските генерали ја избрале оваа локација бидејќи веруваат оти единствено оваа поморска балканска земја слично на нејзиниот сосед Србија се вклопува одлично во профилот на сојузниците на Москва, кои реално не се под големо влијание на НАТО и на Запад.

    Згора на тоа, водата во сегашното пристаниште во Бар е длабока 12,5 метри, а со мали интервенции длабочината може да се зголеми на 14,5 метри, што е идеално за закотвување масивни пловила од калибарот на воените бродови на руската флота. За разлика од Бар, на пример, најблиското НАТО-пристаниште во регионот во Драч е длабоко само 7,6 метри и воопшто нема потенцијал за воено користење каков што има црногорското пристаниште. Бар е исто така одлично поврзан со железничка пруга до Белград уште од времето на поранешна Југославија, што е уште еден плус за транспорт на воена опрема и материјали, кои би дошле директно по земјен пат од Русија. Повеќе геополитички аналитичари велат дека доколку биде правилно исползувано, токму ова црногорско пристаниште според својата локација е своевидна порта на Медитеранот.

    Сепак, каков ќе биде одговорот на оваа намера на руските генерали од поранешната југословенска република, која во голема мера е зависна од финансиите и инвестициите од Русија, сѐ уште не е официјално познато, иако досега некои локални медиуми, како на пример весникот „Вијести", повикувајќи се на свои извори, шпекулираа дека желбата на руските генерали реално никогаш нема да се оствари. Весникот го темели својот заклучок на фактот дека доколку Русите изградат воена база во Црна Гора, тоа би значело крај на приказната за интегрирање на Црна Гора во ЕУ и во НАТО.

    СТРАТЕГИЈА НА ПУТИН

    Токму овој последен чин на Москва може да се разбере дека е најновиот чекор од исполнувањето на зацртаната стратегија на Владимир Путин за оживување на руското воено присуство во Медитеранот.
    Според планот на рускиот претседател, до 2015 година руската воена морнарица би требало да крстосува по водите на Средоземно Море на идентичен начин и по еднаква бројност како што тоа сега го прават бродовите на НАТО и на САД.

    Стратегијата предвидува дека пловилата на оваа практично нова руска военооперативна флота, која реално престана да постои уште од времето на Советскиот Сојуз, во почетокот ќе бидат под команда на Црноморската флота, а подоцна, кога ќе се создадат доволно услови, новата флота ќе може да дејствува самостојно.

    Оперативната флота би требало тогаш да личи комплетно на сегашните четири руски флоти: Црноморската, Северната, Балтичката и Тихоокеанската.

    Според „Риа новости", за да се оствари оваа стратегија, државниот врв на Русија заклучил дека Москва треба да поседува неколку стратегиски центри и воени поморски бази од кои ќе се врши командување со поморските сили.

    - Иако сѐ уште не се знае кои пристаништа би можеле да ги користат бродовите за набавки и одмор на екипажите, покрај сириското пристаниште Тартус, предвид доаѓаат и пристаништа на Кипар и во Црна Гора - пишува агенцијата.

    Слично на плановите во Црна Гора, Русија не се откажува од јакнење на своето воено влијание и на Кипар, имајќи предвид дека официјална Никозија сака да ја претставува Москва како свој клучен партнер. Русија, пак, знае дека Кипар не може да се надева на членство во Алијансата поради територијалниот спор со Турција.

    Стратегиската локација на Кипар, традиционалното противење на подемот на Турција во регионот и потенцијалните енергетски ресурси околу островот ѝ даваат значајно политичко влијание на Никозија, која е во координација со Русија и со Израел. Оваа позиција е спротивна на членството во ЕУ на Кипар, кое, според оценките на агенцијата Стратфор, е главно од втор ред. Обидите на Русија и на Израел да го зголемат своето влијание во Никозија покажуваат оти Кипар можеби полека излегува од позицијата на сателит на најпроблематичната членка на еврозоната, Грција.

    Ако Никозија го прифати барањето за изградба на поморска база на Русија, како онаа што се планира во Бар, многу скоро и во оваа медитеранска земја во кипарското пристаниште Лимасол може да никне голема воена инсталација на Кремљ.

    Токму оваа тенденција за враќање на голема врата на Русија во Медитеранот во интервју за „Русија денес" ја потврдува и Леонид Ивашов, претседател на Академијата за геополитички прашања и генерал-полковник во пензија, кој изјавил дека се ближи крајот на времето на комплетна американска доминација во светските води.

    Бар е поврзан со железничка пруга до Белград, што е уште еден плус за транспорт на воена опрема и материјали

     
      
    Автор: Александар Србиновски
       (Нова Македонија)
        8 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 243 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024