Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:13 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Западот е трулеж, а процесот на распаѓање е веќе започнат

    Трајче Манев

    Западот е трулеж, а процесот на распаѓање е веќе започнат

    Западот е трулеж, а процесот на распаѓање е веќе започнат. Русија може да се спаси од тоа ако најде урнек за својот развој во Византија.
    Leont'ev_468

    Константин Н. Леонтјев (1831-1891), можеби многу повеќе и од Данилевски, ќе ја застапува омилената тема на словенофилите за „трулежот", распаѓањето на Западот. Таа се поклопува со неговото сфаќање за растот, развојот и распадот на секоја држава низ овие три фази. Со оваа теорија за подемот и падот на државите во три фази, според Леонтјев, Европа веќе се наоѓа во третата фаза и ако Русија сака целосно да се европеизира, тогаш тоа и за него, како и за неговиот претходник – Данилевски, веројатно ќе значи потпишување на смртна пресуда, затоа што европскиот културно-историски тип, според него, од XVIII век наваму, веќе е на одумирање.

    „Секаде, помалку или повеќе демократизирани устави. Секаде германскиот рационализам, псевдобританската слобода, француската еднаквост, италијанската распуштеност или шпанскиот фанатизам, кој ú служи на истата распуштеност. Секаде граѓански брак, секаде презир кон аскетизамот, омраза кон сталешката поделба и власта (не на својата власт, туку власта на другите), секаде слепа надеж во земна среќа и потполна земна еднаквост" – вреска Леонтјев, а сето тоа со една цел– „цел на сè е – просечниот човек; буржуј, спокоен помеѓу милиони, исто така просечни, исто така покојни." Тој не сака да живее во ваков свет, тој не сака ваква Русија, ако тоа значи европеизацијата – тогаш, не, благодарам, би рекол Леонтјев.

    Но Русија не е Европа во ниту една карактеристика, ниту би требало да се стреми тоа да стане. Русија е и може да се оствари во посебен културно-историски тип. И до тука тој се согласува со Данилевски. Но ако Русија не е, и особено – не треба да биде Европа, тогаш, како и во што да ја најде таа типична карактеристика?

    Но разликата и со Данилевски и со останатите словенофили е клучна – Леонтјев не смета дека особеноста на тој културно-словенски тип лежи вословенството како дистингтивна карактеристика. Што е тоа словенство? – прашува тој во својата книга Византизам и словентво. И едноставно одговара – „Одговор нема! Залудно ќе бараме некакви јасни, посебни, историски обележја, кои би биле заеднички на сите Словени." Затоа и го критикува панславизмот на Данилевски и останатите застапници на оваа идеја. А го критикува, оти славизмот е непостоечки, тоа не е идеја, во словенството нема идеи на чија основа може да се изгради идеологија – таму има само етнос, племе, крвно сродство, но нема начело, идеја што може да изгради самобитен културен идентитет.

    И затоа – самобитноста на рускиот идентитет тој ја бара вовизантизмот. „Што е тоа византизам– прашува Леонтјев – „тоа е пред сè една посебна култура, која има свои специфични карактеристики, свои општи, јасни, строги и разбирливи начела и свои одредени историски последици." Византизмот, за разлика од словенството, содржи одреден сет на религиозни, државни, морални и философски идеи, кои се формативни начела во создавањето на тој посебен руски културно-историски тип. „Ние, на пример знаеме" – вели Леонтјев, кога се обидува да го утврди тој сет на идеи присутни во византизамот – „дека византизмот во политиката значи автократија. Во религијата тој значи христијанство, со неговите посебни одбележја, кои го разликуваат од западните цркви, од ереста и расколот. Знаеме дека во светот на моралот византискиот идеал не го содржи она високо и често претерано сфаќање на земната личност на човекот, кое во историјата го внесе германскиот феудализам; знаеме дека византискиот морален идеал го подведува под сомнеж сето земско, среќата, постојаноста на нашата лична чистота, нашата способност за потполно морално совршенство, овде, на земјата.

    Знаеме дека византизмот (како и христијанството воопшто), ја отфрла секоја надеж во сеопштата благосостојба на народот; дека тој е потполна антитеза на сечовештвото, во смисла на земна сееднаквост, земна сеслобода, земно сесовршенство и сезадоволство. Византизамот, исто така значи, сосема јасна претстава во областа на уметноста или воопшто, естетиката: модата, обичаите, вкусовите, облекувањето, градителството, домаќинството – сето тоа лесно можеме да го замислиме како помалку или повеќе визаниско."

    Гледаме, тој во Византиската држава наоѓа доволен сет на идеи, организациски аспекти, традиции, кои ги смета за основа на рускиот културно-историски тип. Од една страна, ваквото ревитализирање на Византија е позитивно, затоа што Леонтјев ú го враќа значењето на оваа цивилизација и потсетува на нејзината улога во процутот на Европа, оти според типичната потценувачка европоцентрична историја „помеѓу паганскиот Рим и епохата на европскиот Препород, стои мрачна провалија на варварство" – што воопшто не е така, во тоа „кратко" меѓувреме, тука била раскошната Византија. Но од друга страна, и ваквото барање за „по-византинување" на Русија, е своевиден анахронизам, исто како што беше и барањето на неговите претходници за враќање на до-петрова Русија. Само што ова е и уште поекстремно – старите словенофили бараа враќање кон минатото на сè уште постоечка држава, Леонтјев бара воскреснување на мртовец.

    Затоа, на многу поконкретно ниво од словенофилите и нивните следбеници, руската идеја продолжува да се концептуализира геополитички кај т.н. евроазици. За нив веќе во следниот текст на страницата на Руска реч на македонски.

       (Руска реч, Денешен Весник)

    Rating: 0.0/0
    Views: 216 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024