Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Русија: Тероризмот – грабеж во име на идеологијата

    Русија: Тероризмот – грабеж во име на идеологијата

    Како се финансираат фанатиците од Кавказ и колку меѓу нив има Словени што го примиле исламот. Бандитите го „пикираат" делот од пазарот каде што се парите па ги уценуваат бизнисмените кои се занимаваат со продажба на вотка, пишува Новости.

    Најновите крвави терористички акции во Волгоград повторно го наметнаа прашањето – кој ги финансира и како се регрутираат оние што им носат несреќа на невините луѓе? За време на војната во Чеченија парите главно стигнувале од арапските земји. Во министерството за внатрешни работи на Русија тврдат дека во последните години финансирањето од странство се намалило, а дека главниот извор на пари на терористите им е во земјата, од богатите симпатизери на муслиманските фанатици, но и од мафијашки „тезги".

    Началникот на главната управа за Севернокавкаската федерална област на министерството за внатрешни работи на Русија, генерал-полковникот на полицијата Сергеј Ченчик, објаснил дека за терористичките активности е потребен цел синџир луѓе, од оние кои финансираат, организатори, логистичари, па сѐ до извршителите. На нив им се потребни тајни станови, оружје и експлозив. Борците не заработуваат пари, но им требаат за да ги трошат.

    „По распадот на СССР бандитите за своите сепаратистички активности добиваа пари главно од странство. Сега добиваат пари главно од Русија. Полицијата знае за постоењето на лица кои свесно ги поддржуваат националистите и сепаратистите, бидејќи имаат исти религиозни ставови како и терористите. Тие на бандитите доброволно им даваат пари. На полициските списоци има неколку илјади такви имиња", вели генералот Ченчик.

    Друг начин е роднини на сепаратистите да се вработуваат во државни или комерцијални структури.

    „Таквата тактика на бандитите им овозможува не само да добиваат одредени средства, туку и да учествуваат во политичките процеси. Бандитите кои се кријат во шумите во Дагестан имаат своја роднинска база во градовите. Тоа се десетици, а можеби и стотици чиновници и претставници на бизниси. Нив ги поставуваат на функции, им даваат добри плати. Тоа е своевидно мито на месните функционери за бандитите да не ги чепкаат", тврди генералот Ченчик.

    Еден од најпознатите бандитски главешини Ибрагим Гаџидадаев го уценувал директорот на компанијата за патишта во Дагестан, Дагавтодор, и од него барал 500 милиони рубљи (околу 11 милиони евра).  Генералот Ченчик тврди дека најмногу пари бандитите земаат токму со уценување на бизнисмените. Бандитите го „пикираат" оној дел од пазарот каде има најмногу пари, па така, на пример, ги уценуваат бизнисмените што продаваат вотка. Од богатите бизнисмени бараат и по неколку милиони долари.

    „Иако таа појава зема сѐ поголем замав, ретки се оние кои тие закани и притисоците од бандитите ги пријавуваат во полиција бидејќи се плашат од одмазда", вели генералот Ченчик.

    Повеќето сепаратистички лидери на Кавказ пред да станат верски фанатици имале дебели полициски досиеја.


    Уште едно прашање е денес многу актуелно: колку меѓу бандитите на Северен Кавказ има Словени кои го примиле исламот? Полицијата ја чека анализата на крвта на таткото на „рускиот вахабист" Павел Печонкин, за кој се сомнева дека го активирал експлозивот на железничката станица во Волгоград. Татко му на Павел е Русин, а мајка му Татарка, односно муслиманка, а исламот го прифатил кон крајот на 2011.

    „Според некои анализи во последните дваесет години исламот во Русија го прифатиле околу шест илјади Словени. Сега полицијата се интересира за околу двеста лица кои го прифатиле исламот и заминале на Кавказ, и се обидува да ги пронајде. Дел од нив се во затворите бидејќи биле фатени во терористички групи. Меѓу нив има и добро образувани луѓе, кои набрзо стануваат поглавари на селаните од Кавказ", објаснува рускиот генерал.

    Како Русија може да се бори против тероризмот и да ги спречува нивните акции?

    „Ги повикувам властите да ги забранат сите радикални партии, движења и групи. Не може престапниците да се делат на добри и лоши. Целта на „најдобриот" екстремист е да изврши злочин и да привлече внимание", вели претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров. „Колку и да ги имитираат верниците, терористите не се ниту муслимани ниту христијани. Ние во Чеченија со помош на федералните органи ги искоренивме и вахабизмот и тероризмот. Важно е да не им дозволиме повторно да кренат глава. Со тероризмот и радикализмот мора да се бориме уште на стадиум на идеја. Човек кој решил да биде самоубиец никој не може да го сопре".

    „Вахабистите имаат пуштено корени во Санкт Петербург, Москва и другите градови во Централна Русија. Кај нас на Северен Кавказ тие сега не смеат да кренат глава, но во Централна Русија врбуваат луѓе. Мораме да се бориме со нивната идеологија, доста беше демократија, треба сето тоа жестоко да се пресече", вели Јунуз Бек Јевкуров, претседател на Ингушетија и генерал-мајор на руската армија.

    Советскиот херој и ветеран на славната антитерористичка единица Алфа, Генадиј Зајцев, вели дека руските тајни служби мора да ја подобрат својата работа бидејќи само така може да се спречат терористичките напади. Во советско време полицијата имала добра мрежа во Западна Украина и балтичките земји.

    „Во секоја нивна банда КГБ се трудеше да има свој човек па знаевме кога тргнуваат да ограбуваат и убиваат", вели Зајцев.

       (МКД)

       8 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 196 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024