Во два дистрикти во регионот Ставропол прогласена е алармантна состојба, откако вчера беа пронајдени тела во четири возила во две подрачја околу регионалната престолнина Ставропол, влезните врати на северен Кавказ, каде Русија се соочува со исламистичка побуна. За сега, познато е дека се убиени двајца таксисти и еден столар, а идентитетот на преостанатите двајца за сега не е познат.
-Антитерористичката операција започна синоќа во дистриктите Прегроњи и Киров- соопштија регионалните власти.
По руските закони, започнувањето на таквата операција им дава овластување на силите за безбедност да го евакуираат населението, и да ги контролираат сите возила и луѓе без конкретни причини. Ставропол се граничи со Краснодар каде се наоѓа Сочи.
Мерките за безбедност без преседан во олимписката историја стапија пред два дена на сила, во Русија, еден месец пред почетокот на ЗОИ во Сочи, по двата самоубиствени напади на крајот на декември.
ЗОИ се одржуваат од седми до 23 февруари, а мерките ќе бидат на сила до 23 март, една недела откако ќе завршат Параолимписките игри од седми до 16 март.
(Нова Македонија)
9 јануари 2014