Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    „Илја Муромец“ – богатирот со крилја (1 дел)

    Екатерина Тушева

    „Илја Муромец" – богатирот со крилја

    Пред еден век својот прв лет во околината на Санкт Петербург го направил рускиот авион „Илја Муромец" (С-22) – прв сериски четиримоторен авион во светот и прототип за многу четиримоторни линиски авиони во 20 век. Овој авион има поставено многу грандиозни рекорди во историјата на авијацијата. Беше прв удобен патнички авион, но и моќен бомбардер.
    „Илја Муромец
    На 12 февруари 1914 година со авионот „Илја Муромец" полетале 16 лица, а на 17 јуни бил објавен летот на релација Санкт Петербург – Киев. Извор: ИТАР-ТАСС

    За тоа време „Илја Муромец" бил огромен авион, имал распон на крилата од 31 метар и должина од 19 метри. Сите основни детали на овој авион биле направени од дрво. Бил направен во авијатичкиот оддел на Руско-Балтичката фабрика за вагони („Русо-Балт") под раководство на колектив на чие чело бил пилотот и конструктор Игор Сикорски.

    Први рекорди 

    Константин Пахаљук, водечкиот стручњак на научниот сектор на Руското воено-историско друштво (РВИО) вели дека првиот лет на С-22 бил пробен, а два дена потоа, на 12 декември, со овој авион е подигнат товар од 1.1 тон, што за тоа време претставува грандиозен рекорд. По ова следувале други рекорди: на 12 февруари 1814 година со авионот „Илја Муромец" полетале 16 луѓе и кучето по име Шкалик, а на 17 јуни бил објавен лет на релацијата Санкт Петербург – Киев, што претставувало вистински триумф. Тогаш Игор Сикорски имал само 24 години и тој пилотирал со поголемиот број летови.

    „Веќе тогаш неговиот успех бил забележан од страна на Николај Втори", вели Пахаљук, „а Државната дума на конструкторот му доделила мошне висока сума од 75 илјади царски рубли како награда". 

    Од 1913 до 1918 година во „Русо-Балт" истовремено се произведувале неколку серии на „Илја Муромец": авионот е проектиран како бомбардер, а воедно и како патнички авион. Вкупниот број произведени авиони, според пресметките на историчарите, изнесува од 60 до 80 примероци.

    Игор Сикорски во 1919 година емигрирал во САД, каде се прославил како конструктор на хеликоптери.

    За првпат во историјата на авијацијата авионот имал комфорен салон одвоен од кабината, како и спални соби, греење, електрично осветлување, па дури и тоалет. Доколку историјата се одвивала поинаку „Илја Муромец" ќе бил родоначалник на редовната патничка авијација во Русија. Но, понатамошната судбина на проектот била определена со почетокот на Првата светска војна.


    Rating: 0.0/0
    Views: 175 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024