„Илја Муромец" – богатирот со крилја
Борбени „ежови"
„Веднаш по летот Петербург-Киев била донесена одлука овие авиони да ѝ бидат испорачани на војската", вели Пахаљук. „Во прво време дејствуваа поединечно, а потоа одлучија да ги обединат во воздухопловна ескадра под команда на Михаил Шидловски, можен индустријалец, кој веднаш бил прогласен за генерал-мајор".
На 12 февруари 1814 година со авионот „Илја Муромец" полетале 16 луѓе и кучето по име Шкалик, а на 17 јуни бил објавен лет на релацијата Санкт Петербург – Киев, што претставувало вистински триумф.
„Илја Муромец" бил користен и како бомбардер и како извидувачки авион, на него била поставена апаратура за аерофотоснимање, како и митралези, за да може да се брани од противникот. „Илја Муромец" имал силно одбранбено вооружување, практично без „мртви зони". Поради таквата способност „Илја Муромец" го добил називот „еж".
Во периодот од 30 октомври 1914 до 23 мај 1918 година биле изгубени и отпишани 26 авиони од овој тип, при што само еден од овие апарати бил соборен. Останатите престанале да функционираат поради технички неправилности, грешки во пилотирањето или поради елементарни непогоди.
Последниот борбен лет „Илја Муромец" го објавил на 21 ноември 1920 година. По Советско-полската војна 1919-1921 година, неколку авиони „Илја Муромец" летале на првите транспортни авионски линии, но поради големата амортизација и изработениот ресурс на моторот тие биле тргнати од летовите. Еден од последните авиони од оваа серија во 1922 година бил предаден како школски авион на школата за воздушен напад и бомбардирање, каде за една година со него биле извршени речиси 80 школски летови. Потоа „Илја Муромец" повеќе никогаш не полетал.
(Руска реч на македонски)
10 јануари 2014