|
Русија ја зголемува испораката на оружје за Асад
Русија ја зголемува испораката на оружје за АсадРусија во изминатите недели ја интензивираше испораката на воена опрема за Сирија, вклучувајќи и оклопни возила, беспилотни летала, соопштија неименувани извори, пренесува МИА
Според западни медиуми, испораките ќе му помогнат на сирискиот претседател Башар ал-Асад во судирите со бунтовниците, бидејќи во исто време јакнат судирите меѓу различни бунтовнички групи, што го слабее нивниот отпор за режимот во Дамаск.
-Над десетина руски товарни авиони Антонов 124 во Сирија доставиле оклопни возила, опрема за видео надзор, радари, системи за електронско војување, резервни делови за хеликоптери и разно друго оружје меѓу кое и авионски наведувани бомби, откриле изворите за дел од западните медиуми.
Портпаролот на руската државна компанија Рособоронекспорт", која држи монопол во извозот на оружје, не сакаше да ја коментира испораката на оружје за Сирија, а официјална Москва истакна дека со тоа што му испорачува оружје на Дамаск, не крши ниту еден меѓународен закон.
(Нова Македонија) 17 јануари 2014
|
|
Views: 184
| Added by: Вељанко
|
|
|