Русија би можела воено да ја нападне Саудиска Арабија поради нејзината директна вмешаност во неодамнешниот терористички масакр во Волгоград, во кој бомбашите-самоубијци усмртија 32-ца луѓе, а ранија повеќе од 100.
Тоа го тврди иранскиот медиум Прес ТВ, наведувајќи дека и руските известувачки служби, но и Путин имаат солидни информации дека арапската земја има врска со екстремистите кои се стационирани во регионот на Северен Кавказ и оттаму ги напаѓаат Русите, особено пред одржувањето на Зимските олимписки игри во Сочи.
Иранците тврдат дека уште во јули минатата година шефот на саудиската известувачка служба, Бандар бин Султан се заканил дека Русија би можела да биде нападната од терористи кои се финансирани од вахабитите од неговата земја. Исто така и дека се тоа би можело да се интензивира пред ОИ во Сочи.
Ние ги контролираме групациите на Кавказ, наводно рекол Бандар, кого иранските медиуми го окарактеризираа како саудиски шпион.
Волгоград претставува главна врска помеѓу Москва и јужниот дел од земјата и Сочи, каде на 7 февруари ќе започне еден од најважните настани за Русија оваа година. Според раните наводи, Зимските олимписки игри претставуваат нешто со што таа земја конечно би го демонстрирала своето враќање на светската сцена и ќе ги прикаже доминацијата и моќта. Меѓутоа, двата бомбашки напади во Волгоград на 29 и 30 декември ја дестабилизираа власта и предизвикаа страв и загриженост кај граѓаните, но и кај целиот свет, со оглед на тоа дека претставниците на стотина земји за време на ОИ ќе отпатуваат во Сочи.
Путин поради тоа изјави дека одлучно ќе им застане на патот на сите терористички формации кои се закана за безбедноста и стабилноста на Русија.
Постојат дури и непотврдени информации дека Путин на своите блиски безбедносни соработници веќе им потпишал план според кој наскоро ќе следи уништување на Саудиска Арабија.
(Денешен Весник)
19 јануари 2014