- Легалните власти во Украина се судираат со странско мешање. Екстремистичкиот дел на опозицијата грубо го крши Уставот на земјата, изјави рускиот заменик-министер за надворешни рабори Григориј Карасин.
Министерството за надворешни работи на Полска врачи протест до украинскиот амбасадор во Варшава поради насилството во Киев.
Во судирите во Киев загинаа три лица, а украинското обвинителство денеска соопшти дека се уапсени десет лица под сомнеж дека учествувале во масовни нереди.
(Денешен Весник)
25 јануари 2014