Претседателот на комитетот за меѓународни односи во Државната Дума, Алексеј Пушков е сигурен дека ЕУ „наметнува на Украина асоцијација со агресивна упорност".
„Во минатото слични договори тие ѝ наметнуваа на Кина и на другите зависни земји", напиша тој вчера на својот Твитер.
Според зборовите на Пушков, „на Мајдан не прават разлика меѓу приклучувањето и придружувањето на Европската унија".
„Украина никој не ја повикува во ЕУ. Цела Европа е против", додаде тој.
(Руска реч на македонски)
3 февруари 2014