Лавров: ЕУ ја уценува Украина!
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска во Москва ја осуди Европската унија, затоа што, како што рече, се обидува да формира „зона на влијание" во Украина, каде речиси три месеци траат антивладините протести
-Нивниот притисок на Украина да тргне во одреден правец и предупредувањето да одбере едно или друго- да биде во ЕУ или со русија, покажува дека тие се обидуваат таму да создадат зона на влијание- рече Лавров.
Тој, алудирајќи на високите американски и европски функционери, додаде дека во Украина секој ден се испраќаат функционери, кои се обидуваат да влијаат на нејзиниот избор.
(Нова Македонија)
14 февруари 2014