Полицијата како жив штит застанала меѓу двете спротивставени групи, успевајќи да го издржи притисокот и да спречи евантуално насилство. Нападнати биле новинари на националната телевизија „Петти канал".
Членови на локални младински движења во текот на минатата ноќ растераа опозициски активисти, кои се обиделе да ја блокираат базата на „Беркут" во Одеса, со цел да ги спречат припадниците на оваа специјална единица да заминат во помош на своите колеги во Киев. Опозиционерите биле протерани од приврзаниците на претседателот Виктор Јанукович. Засега нема информации за повредени.
Општинската управа на МВР во Одеса соопшти дека во изминатото деноноќие во областа биле регистрирани неколку напади врз регионални седишта на политички партии.
(Денешен Весник)
19 февруари 2014