Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Путин: руската армија и флота треба да бидат подготвени за било каков развој на настаните

    Путин: руската армија и флота треба да бидат подготвени за било каков развој на настаните

    Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека борбената способност на руската армија и флота останува најважен фактор во националната безбедност, пренесува „Интерфакс".

    Во современите услови треба да се биде на готовс за било каков развој на случувањата, забележа Путин за време на концертот во Кремљ, посветен на Денот на заштитата на Татковината.

    „Русија е демократска и мирољубива држава. Ние сме сигурни дека спорните меѓународни проблеми треба да се решаваат со политички, а не воени методи", подвлече Путин.

    „Треба да бидеме на готовс и подготвени за било каков развој на случувањата, треба да ја заштитиме Русија и нејзините граѓани, и затоа борбената готовност на нашата армија и флота остануваат најважен фактор во националната безбедност", подвлече претседателот. 

    Лавров: властите на Украина го исполнија својот дел од договорите

    Раководството на Украина го исполни својот дел од договорите со опозицијата. Ова го пренесува РИА „Новости" повикувајќи се на шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

    „Владата на Украина и претседателот на Украина повеќепати покажуваат добра волја, сакаат компромис со опозицијата. Владата го исполни својот дел од договорите, а опозицијата ги крши", забележа Лавров.

    Претходно министерот изјави дека безредијата во Украина се дело на екстремистите, но и лидерите на опозицијата, како и западните политичари. 

    Лавров смета дека заканите за санкции против Украина се саботажа

    Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека заканите за санкции од страна на Западот врз Украина личат на саботажа. Ова го пренесува РИА „Новости".

    „Европската унија ќе разговара за воведување санкции кон претставниците на украинската власт, правејќи го тоа паралелно со праќањето на своја мисија во Киев. Тоа личи само на саботажа", подвлече Лавров. 

    (Руска реч на македонски)

    20 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 182 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024