Како што се истакнува, во наредбата немало никакви референци кон рускиот западен сосед Украина, а од Кремљ и министерството за одбрана одбиле да коментираат.
„Во согласност со наредбата на претседателот на Руската Федерација, силите на Западниот воен округ денес во 14 часот по локално време (11 часот по средноевропско) биле ставени во состојба на готовност", соопштил министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Путин наредил проверка на способностите на воените единици на западот на Русија за дејствување во кризни ситуации што претставуваат закана по воената безбедност на земјата, и за дејствување против закани од терористички, санитарно-епидемиолошки и техноген карактер, пренесува Итар Тасс.
Во моментов најголема тензија владее на Крим, каде што мнозинството се проруски ориентирани граѓани.
(МКД)
26 февруари 2014