- Во најбрзо време целосно ќе биде воспоставена координација и соработка со сите лица кои се на должност, се наведува во соопштението на организацијата „Руско единство", чиј лидер е Аксонов.
Пратениците од кримскиот Парламент вчера го избраа Аксонов за премиер, а од оваа должност претходно го разрешија Анатолиј Могилов.
Ситуацијата пред Парламентот во Симферопољ моментно е мирна. Околу зградата се распоредени полицајци, а пратениците влегуваат без проблеми.
Во близина на Парламентот се одржува мирен протест во знак на поддршка на референдумот за поширока автономија на Крим.
(Нова Македонија)
28 февруари 2014