Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 8:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Русија го освои Kрим без испукан куршум

    Русија го освои Kрим без испукан куршум

    Без ниту еден испукан куршум, без никаков воен инцидент и без навестување дека може да дојде до употреба на оружје, Русија го освои Крим, ставајќи го целиот полуостров под своја контрола, оценуваат британските медиуми во своите извштаи за случувањата во Украина.
    Ukraine

    Двете украински воени бази на Полуостровот се под целосна блокада на руските трупи и на проруските паравоени групи, кои ги повикуваат Украинците во базите да и се приклучат на новата проруска власт на Крим.

    Под опасада се и укринската поморска база, како и двата локални аеродроми.

    Според британските медиуми, бројот на руските војници на Крим е далеку поголем од оној на украинските сили и сите патни правци кон Украина се целосно затворени.

    Руската војска на Крим, за која се препоставува дека брои околу 40.000 луѓе, е топло поздравена од локалното население, но никој не знае како натаму ќе се развиваат работите на полуостровот, но и во цела Украина.

    Привремениот украински премиер Арсениј Јацењук изјави денеска дека заземањето на Крим нема да успее, но ја отфрли можноста од воено решение на сегашната криза. Тој ја повика меѓународната заедница да и даде политичка и економска подршка на Украина.

    Новите власти во Киев ја зголемија борбената готовност на украинската војска и ги мобилизираат резервистите, за да се спречи, како што велат, „руската окупација на земјата".

    Украина има армија од 180.000 војници, што брзо може да нарасне до 230.000 луѓе под оружје.

    Западни воени експерти оценуваат дека земјата, теоретски, може да мобилизира до еден милион војници, но практичниот ефект од тоа би бил мал, затоа што армијата располага со застарена опрема и со оружје уште од советско време.

    Русија и натаму одбива да го признае новото привремено раководство во Киев, отфрлајќи ја неговата легитимност.

    Рускиот претседател Владимир Путин вчера порача дека Русија го задржува своето право да ги заштитува своите интереси во Украина, додека премиерот Дмитриј Медведев изјави оти за Москва, Виктор Јанукович и натаму е претседател на земјата.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој денеска во Женева се сретна со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека Москва ќе ја задржи својата војска на Крим се додека не се надмине сегашната политичка ситуација во Украина, со цел да ги заштити интересите на Русија и кримските Руси од „украинските ултранационалисти".

       (Денешен Весник)

        3 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 183 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024