Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-11-26, 1:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Петте омилени советски цртани филмови (1дел)

    Петте омилени советски цртани филмови

    Елена Кореневска
    Советските анимирани филмови со својата уметничка вредност, човечките особини што ги пропагираат и со специфичната убавина претставуваат голем свет за себе и културен феномен од посебен вид, а веројатно и единствена од најголемите епизоди на човековата креативност во историјата на филмот. Тие останаа дел од културата на современите руски деца и денес исто толку често се емитуваат на руските телевизиски канали. Ви ги претставуваме петте најпопуларни цртани филмови, за кои без претерување може да се каже дека ги знаат апсолутно сите во Русија.

    „Ну, погоди!" („Ќе видиш ти!") 


    Советските деца си имаа свои „Том и Џери", само што во главните улоги беа волкот и зајачето, наместо мачор и глувче. Станува збор за најпопуларната анимирана серија во Советскиот Сојуз со наслов „Ну, погоди!". Заплетот е мошне едноставен: Волкот (нема одредено име) се обидува да го фати Зајакот. Сепак, „Ну, погоди!" воопшто не е обична копија на „Том и Џери". Секако, и тука станува збор за урнебесна комедија која изобилува со брканици и со комични паѓања, но, за разлика од американската серија, во него нема екстремно насилство. Волкот е карикатура на хулиган – пуши, пие и носи модерна облека (како што е хавајска кошула и ѕвонарки), а тоа се работи на кои во советското време не се гледало со одобрување. Од друга страна, пак, Зајакот беше пример за секој советски младинец: скромен, спортист, секогаш подготвен да помогне. И како таков, Зајакот беше креативен и сакаше да прави груби шеги со кутриот Волк. 

    Дијалог речиси и да нема: само запомнете дека изреката на Волкот „Ну, Зајац, погоди!" значи „Ќе видиш ти, Зајко!" и тоа е сè што ви е потребно за да можете да го следите цртаниот филм. Но, немојте сосема да го намалите тонот: случувањата на екранот се проследени со музика која беше популарна во тоа време, вклучувајќи дури и мелодии од Запад кои советските граѓани не можеа да ги слушнат на радио. Серијата „Ну, погоди!" и понатаму се емитува – последната, дваесетта епизода беше создадена во 2012 година, но само 16 епизоди кои беа снимени од 1969 до 1986 се сметаат за класични.

    „Крокодилот Гена" 


    „Крокодилот Гена" е анимиран филм кој се состои од 3 епизоди, а снимен е со техника „кадар по кадар". Зборува за пријателството помеѓу јунакот од насловот, крокодилот Гена, кој преку ден работи како крокодил во зоолошката градина, и Чебурашка, животно кое не ѝ е познато на науката, со меко крзно и со големи уши, кое во СССР стасало од Африка во кутија со портокали. Дејството е топло и емотивно, ликовите – дури и оние злите, како што е старицата Шапокљак и нејзиното домашно милениче стаорецот Лариса – се мошне слатки, додека филмската музика претставува ремек-дело. Роденденската песна на Гена (ја пее во втората епизода со наслов „Чебурашка") стана омилена на роденденските прослави во СССР, исто како што е „Happy Birthday" низ светот. 

    Во 2004 година Чебурашка стана официјална маскота на руската олимписка репрезентација. Славата на овој анимиран фил се прошири и надвор од границите на СССР. Јапонците, кои се познати љубители на убави и на симпатични работи, неодамна снимија две обработки: во едната Чебурашка се појавува во оригинална приказна, додека другата претставува римејк на филмот. 

    „Бременските музиканти"


    Во Советскиот Сојуз во 1969 година рок-музиката, модните списанија, хипиците и другите трендови на популарната култура настанати на Западот се сметале за непријателски и за забранети во официјалните медиуми. Но, советските аниматори можеби размислувале на следниов начин: ако не можеме да го правиме тоа во реалниот живот, затоа можеме да направиме цртан филм на свој начин. Така и настанала рок-операта „Бременски музиканти". Трубадурот има „битлс" фризура, ѕвонарки, и дискокошули со шпицеста јака. Неговата симпатија, Принцезата, се шета во минифустан по последна мода и заедно пеат: „Наш тепих е ливадата, наши ѕидови се дрвјата, наш покрив е ведрото сино небо! Блескавите ѕидови на палатите никогаш нема да бидат замена за нашата слобода." 

    И навистина, сите што се родени во СССР ја знаат оваа „хипи" песна. Петел со диско-очила, Магаре со џокеј-капа и сите тие имаат гитара: сликата на поп-културата од почетокот на седумдесеттите години од минатиот век е целосна. Не зачудува што овој цртан филм беше популарен, па дури и денес „Бременските музиканти" претставува еден од најомилените и најпопуларни советски анимирани филмови. Сите машки гласови (освен гласот на Магарето) во „Бременски музиканти" ги пее еден човек – познатиот актер Олег Анофриев. 


    Rating: 0.0/0
    Views: 248 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024