Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:06 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Петте омилени советски цртани филмови (2дел)

    Петте омилени советски цртани филмови

    „Тајната на третата планета" 


    Кир Буличов во СССР беше мошне познат како писател на научно-фантастични романи за деца чија главна хероина е Алиса, девојче од високотехнолошката комунистичка иднина. „Тајната на третата планета" е адаптација на неговиот роман од 1981 година. Овој анимиран филм се одликува со сложен детективски заплет во кој има патување низ вселената, интергалактички криминалци, разни вонземјани и, секако, роботи. Но, ова не е само една замрсена приказна: како што „Бременските музиканти" се приказ на седумдесеттите години во мало, така и „Тајната на третата планета" го одразува сето она што значи поп-култура од почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. Обрнете внимание на електронски прогресивната „космичка" музика, блескавите дискобои и на целокупната футуристичка атмосфера на филмот. Доколку знаете барем нешто за советската анимација, веројатно сте го гледале „Тајната на третата планета", зашто во текот на деведесеттите години од минатиот век се прикажуваше во многу земји во странство. 

    „Еже во магла" 


    „Еже во магла" ја носи официјалната титула „најдобар анимиран филм на светот на сите времиња и на сите народи". Според мислењето на 140 аниматори од целиот свет, кои во 2003 година одлучуваа за 20 најдобри анимирани филмови направени дотогаш, „Еже во магла" на Јуриј Норштејн го зазеде првото место. „Еже во магла" е ремек-дело на уметноста на анимацијата, полно со напрегнатост и емоции кои не се карактеристични за детските цртани филмови. Дејствие нема – малиот Еж тргнува во посета на својот другар Мечето и се наоѓа во густа магла. Останатиот дел од филмот го прикажува патувањето на Ежето проследено со впечатлива музика, додека визијата и стварноста се преплетуваат во маглата. Филмот ја пренесува убавината и неизвесноста на природата во нијанси на сиво и кафеаво. Како кај сите големи уметнички остварувања, пораката на авторот може да биде толкувана различно, но едно е извесно – „Еже во магла" остава впечаток на сите што го гледаат, без разлика дали станува збор за возрасни или за деца. Овој филм неспорно ужива култен статус во поранешните советски републики. На церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи „Еже во магла" покрај „Спутник", Периодниот систем на елементи, Толстој и Достоевски беше претставен како големо достигнување на руската цивилизација.

       (Руска реч на македонски)

        6 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 228 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Hedgehog in the Fog (wicked subtitles) / Ежик в тумане (с шикарными английскими субтитрами)

    http://youtu.be/tx72b5pXXYM

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024