Руските трупи отвориле оган денеска од автоматско оружје за време на преземање база на украинските поморски сили на Крим, јавија руски медиуми повикувајќи се на изјава на неименуван украински офицер.
Тој рече дека руските трупи упаднале во базата во близина на градот Бакчисарај oколу два часот попладне по локално време, ги одзеле мобилните телефони на војниците и почнале да ги преместуваат нивните возила.
Ниту еден од украинските војници не е повреден, а командантот на базата се обидува да преговара за прекин на акцијата. Други детали засега не се познати.
Руските сили, кои ја презеле контролата над извесен број воени објекти ширум украинскиот полуостров на Црното Море, досега не разменуваа оган со украинските трупи.
(Денешен Весник)
10 март 2014