Анкетата на ФОМ покажала дека на прашањето за кого би гласале, доколку претседателски избори би се одржале наредната недела, 53% од испитаните Руси би гласале за Путин, што е за пет проценти повеќе во однос на една недела претходно.
Во изминатите 12 месеци, неговиот рејтинг во просек се движел во распон од 45-47 %, а неговиот актуелен рејтинг од 70% е близу или дури надминува она што го имал во текот на претседателските избори во 2012 година.
-Рекордниот раст на рејтингот ја должи на случувањата на Крим. Путин демонстрира голема самоувереност во тоа што го работи во правната рамка, оценува генералниот директор на Центарот за политички информации Алексеј Мухин, коментирајќи го истражувањето.