Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Крим - денес кризно поле, некогаш инспирација за врвна книжевност

    Крим - денес кризно поле, некогаш инспирација за врвна книжевност

    Овој полуостров одамна влезе во руската книжевност преку мистичната сила со која влијаеше на инспирацијата на многу славни поети. Ниеден од нив не се врати од овој полуостров на северот на Црно Море без нова песна, приказна или барем сеќавање пренесено во книжевна форма

    Крим бил инспирација и за многу руски сликари (дело на Иван Аивазовски)

    Полуостровот и најголемите руски писатели

    Со своето мултинационално општество и долгата историја на освојувања, Кримскиот Полуостров отсекогаш бил легло на конфликти, но и крстосница на култури. Денес центар на украинската криза, кој непрекинато ја тресе меѓународната политичка сцена со прогласувањето државен суверенитет и барањето да биде дел од Русија, овој полуостров бил вечна инспирација за најголемите руски книжевници. 

    Лав Толстој трипати престојувал во Крим

    Местото одамна влезе во руската книжевност преку мистичната сила што влијаеше на инспирацијата на многу славни поети. Ниеден од нив не се врати од овој полуостров на северот на Црно Море без нова песна, приказна или барем сеќавање пренесено во некоја книжевна форма.

    Пушкиновата поема „Бахчисарајска фонтана“, „Севастополски раскази“ на Толстој, „Таврида“ на Семјон Боборов, Чеховата „Дамата со кученце“ се само некои од делата на руските писатели што се создадени на Крим или директно се инспирирани.

    Лав Толстој трипати престојувал на Крим, таму се лекувал од тешката болест, а го посетувале и Чехов, Горки, Буњин… Од Крим се инспирирале и Марина Цветаева, Владимир Набоков, а срцето на поетот Владимир Луговски по негова желба е вградено во ѕидините на брегот на Јалта.

    Меѓу првите руски писатели што ја обработија темата Крим кон крајот на 18 век беа Гаврил Державин, кој му ја посвети одата „Добивањето на Крим“, и Семјон Бобров, кој го опеа полуостровот во поемата „Таврида“.

    Од пејзажот на Крим се инспирираше и Александар Пушкин, кој по посетата на полуостровот во 1820 година беше целосно опиен од него и ја напиша поемата „Бахчисарајска фонтана“.

    Александар Грин тука создаде митски свет

    „Севастополските раскази“ со кои Толстој иницираше голем жанр во руската книжевност, односно воена проза, беа инспирирани од неговиот престој на Крим. Писателот Максимилијан Волошин, пак, откри друга страна на Крим - туристичката.

    Кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век, кога неговото семејство меѓу првите купи парцела на Коктебељ, Волошин изгради куќа според сопствен проект, која беше наменета за „добри средби и пријателски разговори“. Во летото 1911 година во неа пристигнаа првите гости и таа стана постојано прибежиште за инспирација на поетите, писателите и на сликарите.

    Според Алексеј Варламов, историчар на руската книжевност, таму доаѓале најпознатите руски писатели пред и по револуцијата. 

    Александар Грин од овој полуостров создаде дел до својот митски свет.

    - Најточната, најверодостојната, не романтична како кај Пушкин, туку хируршки сувопарна, прецизна оцена, дијагноза на значењето на Крим во рускиот живот даде А.П. Чехов со својот живот на Крим, но и со приказните, иако меѓу нив нема многу со кримска тематика. Една од нив, „Дамата со кученце“, ги надмина сите и со неа го направи Крим бесмртен. Секогаш кога доаѓаме на Крим имаме чувство како да се среќаваме со јунаците од оваа приказна - вели Варламов.

    Во последните два века на Крим се отворени музеи, подигнати се споменици посветени на руските писатели, но и на нивните книжевни јунаци.


    Толстој со ќерка му

    (Нова Македонија)

    24 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 244 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024