Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    ЗА КРИЗАТА ВО УКРАИНА НЕОПХОДНО Е ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ

    ЗА КРИЗАТА ВО УКРАИНА НЕОПХОДНО Е ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ

    Во последниве месеци ситуацијата во Украина се развива според крајно опасно сценарио. Нелигитимната влада што ја грабна власта во Kиев по пат на државен удар, а во која главниот збор го имаат ултрарадикалните националисти, лансира кампања на терор и заплашување на сите неистомисленици, ги доведе на ранг на државна политика шовинизмот, русофобијата, антисемитизмот, се заканува со етнички чистки на таканаречените туѓинци, врши масовни нарушувања на човековите права, воведе целосна цензура врз неподобните политички и општествени организации, врз неподобните медиуми, вклучително и нивна целосна забрана. Спротивно на Уставот на Украина новите власти во Kиев ја користат регуларната војска, вклучително и тенковите и авијацијата, за заплашување и за насилно задушување на масовните протести на широките народни маси, пред с` на југот и на истокот од земјата, а кои одбиваат да го признаат незаконскиот режим (според социолошките анкети само 15% од населението во Украина го сметаат моменталниот режим за легитимен). 

    Но, бидејќи не е уверена во лојалноста на армијата, режимот форсира создавање „казнени“ вооружени формации (т.н. „национална гарда“, баталјоните Днепар, Харков, Восток и други) од редовите на ултранационалистите на Свобода и на герилците на Десниот сектор, чија политичка платформа се базира врз Декларацијата од 1941 година, која беше идејна основа за сојузот на украинските националисти со Адолф Хитлер при воспоставувањето на фашистичкиот поредок во Европа за време на Втората светска војна. Многу добро е познато со какви методи се служел овој нов поредок на бандитите на Бендера, тоа се стотици илјади ѕверски убиени Украинци, Полјаци, Руси, Евреи. Лидерот на Десен сектор Дмитро Јарош од (кој е и официјален кандидат за претседател во Украина) јавно изјави дека се огледува на „хероите на Бендера“ и дека е подготвен „да ги потопи во крв“ југот и истокот на Украина.

    Жално е што ваквите неодговорни и злосторнички дејствија на новата владејачка гарнитура во Kиев, исто како и самиот факт на извршување на противуставен преврат од нивна страна, не само што не предизвика решителна осуда од страна на т.н. „великаните на демократијата“ – земјите од Западна Европа и САД, туку и добиваат од нив директна поддршка. Со тоа, всушност, од страна на западните партнери се поттикнува стремежот на ултранционалистите за воспоставување свој нов поредок на територијата на цела Украина, со користење сила против сопствениот народ. Секој нормален човек сфаќа дека имајќи го предвид сложениот „мозаик“ на етничкиот состав на Украина, нејзиното политичко уредување, а исто така и историјата на создавањето на оваа држава, ваквата политика претставува директен пат кон граѓанска војна, кон хаос, кон неминовен економски колапс и кон дезинтеграција на земјата. Ваквото сценарио за развојот на настаните во земјата, во која живеат 46 милиони луѓе и која се наоѓа на работ на банкрот (државната каса е празна, надворешните долгови не се плаќаат, населението нагло осиромашува, но располага со милиони парчиња оружје), се заканува со хуманитарна и друга катастрофа од голем размер, која ќе биде невозможно да се задржи во границите на Украина. Сепак, се добива впечаток дека Вашингтон и Брисел што се занесени во своите геополитички игри или с` уште не се во состојба или, пак, немаат желба трезвено да ги оценат вистинските причини и големината на внатрешнополитичката криза во Украина, нејзините негативни последици за стабилноста на Европа и на целиот свет.

    Сепак, верувам дека с` уште не е доцна да се поправи ситуацијата и да се спречи трагедијата што надоаѓа. Неопходно е властите во Kиев да престанат да војуваат со сопствениот народ, да се погрижат конечно за судбината на својата земја и без одлагање да се зафатат не со декларативен, туку со реален процес на решавање внатрешнополитичката криза. За ова постои политичка основа; а тоа се спогодбата од 21 февруари потпишана со посредништво на министрите за надворешни работи на Германија, на Полска и на Франција, како и Женевската декларација, усогласена на 17 април од страна на министрите за надворешни работи на Украина и на Русија, на државниот секретар на САД и на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Во овие документи, всушност, е зацртана „патната карта“ на примарните и на конкретните мерки за деескалација на ситуацијата и за повторно воспоставувањето на безбедност за сите граѓани на Украина и за излез на земјата од кризата. Да ги споменеме главните елементи: сите страни треба да се воздржат од какво било насилство, од заплашување и од провокативни дејствија, да не се допушти манифестација на екстремизам и расизам, на религиозна нетрпеливост, вклучително и на антисемитизам; сите незаконски вооружени формации треба да бидат разоружени, незаконски заседнатите згради да бидат вратени им на легитимните сопственици, окупираните улици, плоштади и другите јавни места во сите градови на Украина да бидат ослободени; треба да биде спроведена амнестија за сите демонстранти, со исклучок на оние кои извршиле тешки злосторства; неопходно е без одлагање да се почне широк национален дијалог во рамките на уставниот процес, кој треба да биде инклузивен, транспарентен и одговорен.

    Уверен сум дека токму во скорешната и во целосната реализација на овие договори од страна на сите политички сили во Украина, лежи клучот за нормализација на состојбата во земјата. И, без оглед на тоа што сегашниот режим на сите можни начини го избегнува практичното исполнување на овие договори, никој веќе не се сомнева дека САД и клучните земји на ЕУ дека имаат доволно влијание за да го натераат своето протеже во Kиев да дејствува разумно и да ги исполни преземените обврски. Властите во Kиев се обврзани да престанат да ја префрлаат одговорноста за она што се случува во Украина врз други, меѓу другото и врз Русија, да престанат да се заплашуваат себеси, да го заплашуваат својот народ и целиот свет со измислици за наводна „подготовка на руска инвазија, за купишта руски шпиони и диверзанти“. Потребно е да се најде во себе сила да се премине преку оваа пропагандистичка баханалија и како што прилега на една де факто влада да ја преземе иницијативата за деескалација на напнатоста во земјата, што ќе овозможи поместување на политичкото решавање од мртва точка и отпочнување на процесот на враќање на мирот, довербата и спокојството на страдалничката земја Украина.

    Од своја страна Русија е подготвена на секаков начин да подржи секој конструктивен чекор во тој правец. Kако и секогаш, ние сме отворени за чесно и отворено партнерство со сите држави врз основа на заемно почитување и почитување на меѓусебните интереси.

    Олег Шчербак
    (Авторот е амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија)

    (Дневник)

    29 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 204 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024