Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 12:41 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » December » 1 » Орото „Копачка“ пред вратите на УНЕСКО
    4:20 AM
    Орото „Копачка“ пред вратите на УНЕСКО

    Орото „Копачка" пред вратите на УНЕСКО

     
     

    Селото Драмче влегува во легендите, бидејќи од него кон светот, пред 65 години, тргна машкото оро „Копачка", кое идната година, како што сега стојат работите, ќе влезе во светското културно наследство под заштита на УНЕСКО

    Иван Бојаxџиски 



    Селото Драмче во општина Делчево зафаќа поголема територија од Белград. Барем така говори легендата која опстојува низ вековите. На секој рид по една до две куќи, неретко едни од други оддалечени и по пет-шест километри. Ова село влегува во легендите бидејќи од него кон светот, пред 65 години, тргна машкото оро „Копачка" кое идната година, како што сега стојат работите, ќе влезе во светското културно наследство под заштита на УНЕСКО.

    На 20 ноември, во Драмче се слеа река од народ. Фолклорната група „Копачка" ја прослави 65-годишнината од моментот кога во 1948 година, овде првпат беше одиграно орото по кое групата, нешто подоцна, го доби името. Легенда на групата е дедо Митко, кој почина во 2008 година, на 93- годишна возраст, и кој и на тие години го водеше орото, а во историјата на македонскиот фолклор остана запишан како најстариот ороводец. Според Димитар Узунски, уметнички раководител и кореограф, кој во 1959 година застанува на чело на групата и оттогаш ја води се' до ден денешен, ликот на дедо Митко го претставува логото на групата.

    „Орото ’Копачка’ е во рангот на ’Тешкото’. Легендата дедо Митко велеше дека за некој да може да го игра ова оро треба да е роден за него, што е точно. Ова оро некои го нарекуваат и ’Александрово’, а се' според една легенда дека тоа се играло во времето на Александар Македонски, и тоа од двете страни на Влаина, бидејќи како и во орото ’Копачка’ и неговата војска ги користела тапаните кога тргнувала во освојување на светот. Но, нашата фолклористика го смета како трудово оро, кое е слично на ’Тешкото’. Самото оро има четири дела, прв бавен дел, втор побрз дел, третиот дел е уште побрз за во четвртиот да доживее кулминација. Играорците, кога кога го играат орото, како да лебдат над земја, и во тоа е неговата единственост и магична убавина, која кај нас е заштитена како вредно културно наследство", вели Узунски, кој самопрегорно, по цена на многу самооткажувања, раководи со групата цели 54 години.

    Сега орото „Копачка" си го бара патот до УНЕСКО каде што ќе треба да биде заштитено како дел од најдрагоценото културно светско наследство. Ивона Опетческа, виш соработник за фолклор при Управата за културно наследство во рамките на Министерството за култура, која беше на прославата, рече дека „Копачка" е пред самите порти на УНЕСКО. „Ние располагаме со видеоматеријал во траење од десет часа, на стотици фотографии, имаме убава можност од тоа да направиме квалитетна селекција, па во изминатите три години успеавме да дојдеме до последната фаза, а тоа е гласањето во УНЕСКО. Овој настан треба да се случи во првата половина од идната година, а сите ние сме големи оптимисти во поглед на крајниот исход", порача Опетческа.

    Речиси и не можат да се избројат настапите и наградите кои „Копачка" ги имала во својата пребогата културна историја. Уште во 1948 година ова оро првпат е изнесено на сцена. Потоа се редат настапи на безброј фолклорни фестивали во поранешна Југославија. „Копачка" се играла на регионални, околиски, државни и југословенски фестивали, па се' до Берлин каде што групата настапи по повод 750-годишнината од основањето на градот. Витрините на друштвото ги красат безброј плакети, признанија, пехари. 

    „Интересно е тоа што орото ’Копачка’ се нема променето ниту за промил во однос на неговата прва изведба во 1948 година. Кога во Драмче дојдов во 1959 година како млад учител, редовно одев по селата во нашиот крај, на свадби и собори, ги гледав добрите играорци. На една свадба членовите на групата се фатија на оро, а јас воден од својот инстинкт почувствував дека тоа е она вистинското кое го одразува духот на нашиот народ, па се нафатив да ја водам групата низ времето и просторот кој трае се' до ден денешен. Не чувствувам умор бидејќи знам дека оваа група е нешто посебно, како и самото оро, и со нив ќе бидам се' додека ме држат силите", порачува Узунски, кој заедно со Перса Стојановска, која е секретар на друштвото, е столбот околу кој се вртат сите успеси на „Копачка".

    Кон групата се' повеќе се приклучуваат и младите. Во Драмче, на свеченоста, тапаните беа во рацете на 11-годишната Ана Алексовска и на две години постариот од неа Бобан Крстевски. Иако тапаните беа големи речиси колку и децата, тие беспрекорно си ја одиграа својата улога. 

    Сега сите надежи се свртени кон последниот чекор кој треба да го направи УНЕСКО. Дали и орото „Копачка" ќе се најде на списокот на заштитените културни добра на светот останува да се дознае идната пролет.

     

       Извор: "Утрински Весник"

    Views: 296 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024