За време на владеењето на императорот Јулијан Отстапник бил извршен страшен прогон на христијаните. Пред ваквата опасност од Никеја во Тивериопол (денешна Струмица) побегнале епископите Тодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Епископот Теодор бил и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јоан, Сергеј, Никифор и Тодор(втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Данаил како и еден човек по име Сократ. За нивното прифаќање на христјанството разбрал и управителот на областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети. Ги фатил и
...
Read more »