ПИСАТЕЛИТЕ ЌЕ ГО СЛАВАТ KОНЕСКИ
Друштвото на писателите на Македонија од 18 до 20 декември ќе организира Денови на Блаже Kонески, со што ќе му се оддаде почит на еден од водечките македонски поети, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
На 18 декември членови на ДПМ ќе имаат заеднички настап со младите литерати од неколку училишта во Скопје симболично наречен „Час за Блаже Kонески". Наредниот ден во Домот на македонските писатели ќе се одржи средба со наслов „Посланието на Блаже Kонески" на која ќе зборува академик Георги Старделов, кога ќе биде промовирано руското издание на последните шест стихозбирки на Блаже Kонески, неодамна објавени во Москва во превод на Олга Панкина. На 20 декември, 40-мина поети ќе настапат на манифестацијата „Средба на генерациите".
(Дневник)
4 декември 2013
|