ДЕЛА ОД РАДОВАН ПАВЛОВСКИ СОБРАНИ ВО ТРИ ТОМА
Делата собрани во три тома од академик Радован Павловски денеска напладне ќе бидат промовирани во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив". Делата ќе ги промовира академик Милан Ѓурчинов, а стихови од поетот ќе рецитира артистката Софија Гогова-Врчаковска.
- Радован Павловски спаѓа во редот на ретките македонски писатели што целосно ~ се посветени на поезијата. Kритиката го оквалификува како апсолутен поет, принц на метафората, поет на Железна Река, господар на перото. Ореолот на славата го доби со стихозбирката „Суша, свадба и селидби" - констатира Раде Силјан во предговорот на книгата.
Извор: "Дневник"
|