Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:06 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » December » 6 » Откриени отровни играчки во продавниците, внимавајте при купувањето
    10:06 PM
    Откриени отровни играчки во продавниците, внимавајте при купувањето

    Откриени отровни играчки во продавниците, внимавајте при купувањето

     

    И покрај исправните декларации, се случува да се откријат играчки чии делови може да се откинат и детето да ги проголта, но тие може да содржат олово, формалдехид, амини, отровни бои, велат надлежните. Пазарниот инспекторат во 352-те досегашни контроли кај седум играчки нашол олово и отровни материи.

     
     
     

    Непишано правило на секој родител е во прва прилика да влезе во продавница и да купи играчка за своето дете или играчка за подарок, но дали при купувањето се гледа декларацијата и дали се внимава дали таа одговара на возраста за детето за кое ја купувате?, пренесува ТВ Тера. Веројатно одговорот е позитивен, но надлежните велат дека и покрај исправните декларации, се случува да се откријат играчки чии делови може да се откинат и детето да ги проголта, но тие може да содржат олово, формалдехид, амини, отровни бои.

    „Кадифени мечиња со ѓердани или белезица кај куче-играчка се само дел од недостатоците што ги откривме во првиот ден на контролата. Од продажба се отстранети и играчки што имаат јаже со кое детето може да се задави. Иако декларацијата е добра, сепак играчките се небезбедни за децата и издадовме решение да се отстранат од продажба", велат од Државниот пазарен инспекторат. Контроли вршат и од Институтот за јавно здравје, од каде што излегуваат со податок дека за една година исконтролирале над триста играчки, тие со испитуваат составот на играчките и кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи. „Дел од играчките што ги испитувавме имаат отровна боја, дел формалдехид над дозволената граница, а имаше и такви што содржеа зголемено присуство на олово. Кај нас главно се испитуваат пластичните играчки по барање на санитарната инспекција", велат во лабораторијата за испитување на здравствената исправност на предмети за општа употреба, која работи во состав на Институтот за јавно здравје.

    Меѓу сомнителните играчки имало детски колички, џипови, мобилни телефончиња, топки. Сите се отстранети од продажба. Контролите и понатаму се прават доколку инспекторите се посомневаат во квалитетот и исправноста на играчката. По овие податоци следат и препораки од Организацијата на потрошувачи на Македонија, доколку сте решиле да купувате играчки, купувајте исклучиво во легални продавници, а не на зелените пазари. Внимателно прочитајте ја декларацијата и испробајте ја играчката веднаш, уште во продавница. Водете сметка на декларацијата да има ознака „ЦЕ" што гарантира дека производот ги исполнува минимумот безбедносните стандарди предвидени во Правилникот за безбедност на детските играчки. Бугарските медиуми деновиве се преплавени со информации за неисправни детски играчки. Кај нив биле направени над 2.000 испитувања на играчки што масовно се продаваат пред Божиќ. Од нив дури 30 типа играчки содржеле формалдехид на дозволената граница, потоа имало играчки со тешки метали и со амини што испаруваат додека детето си игра, пренесува Тера.

     

       Извор: "МКД"

    Views: 261 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024