Тeлото на Нелсoн Мандела префрлено во Преторија
Телото на починатиот борец против апартхејдот во Јужна Африка, Нелсон Мандела, денеска е пренесено од неговиот дом во реонот Хоутон во Јоханесбург, до воената болница во Преторија, јави ИТАР-ТАСС.
Како што претходно соопшти јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, Мандела, кој почина синоќа, ќе биде погребан со сите државни почести.
Во ЈАР е прогласена национална жалост. До погребот, чиј датум се уште не е утврден, националните знамиња низ целата земја ќе бидат спуштени на половина копје.
Според неофицијални информации, погребот најверојатно ќе се оддржи следната сабота.
Нелсон Мандела почина синоќа на 95-годишна возраст.
Во текот на 27-те години минати во затвор за време на апартхејдот, Мандела заболел од туберкулоза.
Семејството на Мандела сака тој да биде погребан до неговите починати деца во градот Куну, во провинцијата Источен Кejп.
Во Куну е погребан неговиот син Макато, кој во 2005 година почина на 55-годишна возраст, неговата прва ќерка Маказиве, почината на деветмесечна возраст во 1948 година, и вториот син Тембекиле, кој загинал во 1969 година во автомобилска несреќа на 24-годишна возраст.
Извор: "Утрински Весник"
|