KОНЦЕРТ НА ТРПЧЕСКИ И ЛОНДОНСКИОТ СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР
Нашиот пијано-виртуоз Симон Трпчески утревечер ќе биде солист на Лондонскиот симфониски оркестар и ќе настапи во познатиот културен центар „Барбикан" во Лондон.
На програмата ќе биде Симфонијата бр.5 од Петар Илич Чајковски, Kонцерт бр.1 од Сергеј Прокофиев и „Валцерот на Мефисто" од Франц Лист. Kонцертот ќе го води американскиот диригент и композитор Мајкл Тилсон Томас.
Извор: "Дневник"
|