Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 1:28 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » December » 14 » На погреб да сликам, рака под данска сукња да пикам
    8:08 PM
    На погреб да сликам, рака под данска сукња да пикам

    На погреб да сликам, рака под данска сукња да пикам

    Овој цар Душан до толку бил Србин што тепал Албанци и кога ги немало тука. Ама сиот овој муабет, демек непријател на Албанците, е фол. Вистинската причина за фркава е што скопскава битанга се крунисала за цар на Кале, а за тоа не побарал дозвола од Артан Груби и од Бујар Османи. Башка, напишал Душанов законик, а се знае дека секој цивилизиран Албанец се гнаси од таа нехумана стега наречена закон
     
     
    Ало, бабо!

    Уште си со оној докторот што ти го наместив?

    Да, бабичке, леле колку е фин и богат и...

    Батали го! Запознав еден побогат, банкар, утре ќе те запознаам.

    Слоган: „Љубовта со пари не се купува, кога пари немаш". Баталете ме мене! Фатете некоја друга колумна. Секогаш ме пука цинизам пред Нова година кога немам пари за да фатам онака далеку, далеку, дури до Берово. Затоа вртете страница од весников, кликајте друг наслов, да не ви загорчам саботно кафе. Оти гледам, вие добри, ем арни, ем спремни за шопинг енд факинг. Ви отворија нов мол, онака бабачко огромен. Со здравје да се молонизирате! Нејќев ни да ѕирнам во вести, оти гарант пола од насобраните ќе ги имав видено во некои други ТВ-прилози како кукаат дека се нема пари, се нема леб. Еден ден ќе се разбудам, ќе излезам од врата и, наместо во влез, ќе зјапам во некој излог среде трговски центар што е толку голем ем џиџан што ја собрало цела населба во него. Кога ли оваа посрана наука ќе се унапреди, онака по стартрековски, па да измислат една направа за телепортирање. За да може потрошувачково ни општество да се ТЕЛЕпортира од мол до мол дури не порасне во вол. Да се случи ваков технолошки бум, има пола народ да го снема од улици. 

    А гледам, ама баш никој не се буни. Нема некој намуртен лик строго да свика во камера: „Аман, до кога со овие молови, ќе му текне ли на некој да отвори библиотека?". Новинарката ќе ги ококори своите убави очи под новата шубара што си ја купила и ќе му врати: „Господине, па имаме библиотеки, дури две...", ама соговорникот ќе и фрсне: „Е, имаме само две, од едната не може да се земаат книги, а библиотека со модерна литература, со нови наслови нема за оние што сакаат да читаат, нешто како музеј на модерна уметност". Добро бе Русјаков, кој мој ти е сега, па кој мисли да чита книги на празен стомак, ќе ми врзе шамар загрижената јавност испоседната по кафеани после напорно терање сиромаштија по молови. Читаат вакви како мене, кои баш нѐ заболе древната мудрост „од кол на кол, па во мол", кои не можеме финансиски да ја следиме новоизлезената литература по книжарници. 

    Кај нас џева се крева само за театри, музеи и скулптури. Те му се гледале мадињата на Букефал (заебано, ако не можеш своите од стомак да си ги видиш), те завесите биле од азбест (грешка, сцената е од осиромашен ураниум, а штиците што живот значат всушност зрачат), те овој да ти бил партиски музеј (среќа што нашиве низ векови се фаќале за пушка кога треба, а не за партиска книшка, па имаме историја, за разлика од сега, кога сакаме да станеме колонија), те овој цар Душан до толку бил Србин што тепал Албанци и кога ги немало тука. Ама сиот овој муабет, демек непријател на Албанците, е фол. Вистинската причина за фркава е што скопскава битанга се крунисала за цар на Кале, а за тоа не побарал дозвола од Артан Груби и од Бујар Османи. Башка, напишал Душанов законик, а се знае дека секој цивилизиран Албанец се гнаси од таа нехумана стега наречена закон. Е сега, има некои ликови во земјава што тврдат дека бил океј, затоа што градел манастири. Кретен! Кое фајде од манастири? Освен што можеш да ги пљачкаш и ич да не ти чуе, мора да признаеме дека за ништо не ги бива. Разглас имаат? Немаат. По молитва во нив ти доаѓа да запалиш некој автобус? Не ти доаѓа. Има таму фраери што те убедуваат да не купуваш од своите по молитва различни комшии? Не се мотаат. Е па, кое фајде од нив? Па така, деновиве, на секој неосвестен Албанец, треба да му се крикне, алооо, разбуди се! Додуша, треба да се викне, разбуди се, 21 век е побогу, ама ај!

    Океј, има голем број Албанци што упорно мислат дека е глупо да го мразиш различниот, дека е моронски да повикуваш од собрание твојот народ да се пресмета со друг народ, дека соседот ништо не ти згрешил ако припаѓа на другото племе и баш е идиотски да не купуваш од него, оти и тој купува од тебе. Ама на овие неосвестени луѓе ќе им ја пратиме да ги превоспита Мирјана Најчевска, а тогаш, жими францускиов ми клуч, лошо му се пишува на секој македонски камен што провоцира. Прво мора да се сруши споменик на секој што се борел против хуманите чети на Бали Комбтар. Сте чуле за некоја страшно долга, ем еблесто опасна битка меѓу партизаните и балистите? Не сте слушнале, затоа што балистите не биле по војувањето. Тие само влегувале во села кај невооружени и непросветлени сељаци и ширеле љубов преку надградената верзија на Кама сутра, наречена Кама сада, а Сутра у друго село.

    Среде лудилово што го слушаме и гледаме, се истопори Ермира, жената за која во средно мислев дека вреди да ѝ се посвети песна, а деновиве се појави во јавноста со својот зен коан „Не е важно кој го кршеше, туку кој го постави!". Да знаев дека еден ден убавицава силно ќе се навлече на „мулаомар"-идеалите на АЛИбанциве од ДУИ, ич немаше да ставам стихови на хартија. Фала на прашање, песната не ѝ ја дадов, не се познававме до толку, а мене и тогаш и денес ме напаѓаат стихови кога во поглед ќе ми се заглави убава жена. Будала!

    Важно, правдинава во земјава ни цепа беспрекорно. Мио (за непознавачите на нашиот рокенрол, брат му на Кили) ќе скапе во притвор, затоа што се фати за две антихумани, нецивилизациски и историски неподобни елементи: гитара и џоинт. Глуп, требаше за хебла да се фати и да сјебе некој споменик низ градов. Јас нема да ја направам таа грешка. Ќе чекам да дојдат празници, да се испразни градов, да фати моето племе малку да практикува сиромаштија низ Грција, па ќе им писнам на двата споменика што естетски (Прометеј) и историски (Тито) не ми го дигаат. А види мајката, според Ермира, и двата не знам кој ги постави. На првиот му корнам гаќи затоа што тамам му се израдував, го оковаа во пуританизам, на вториот му кршам глава, затоа што уцвикал пред Черчил, па наместо на Солунски, македонските партизани ги пратил на Сремски фронт. 

    А дотогаш можете да ме сретнете по уличките низ гробиштата во Бутел. Ќе барам погреби, па ко тинејџерка-љунферица ќе се церекам и сам ќе се фоткам. Гледам тоа е модерно. Може ќе налетам на некоја данска Шерон Стоун, која љуби да прекрстува нозе меѓу пеењето на попот и делењето блага пченица. Туку, мобилен настрана, ми стана јасно зошто Волерс се однесува кретенски по универзитети. Не е крив човекот, шефот му е кретен, видовте како се однесува на погреби. 

    Авторот е уметник
     
       
    Автор: Александар Русјаков
    Извор: "Нова Македонија"
     
    Views: 312 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025