По повод денот на независноста на Финска, на официјалната интернет-страница на познатиот фински весник "Uusi Suomi" беше објавено писмо на познатиот пратеник од партијата „Вистински Финци", Рејоа Тосавинен.
Авторот на писмото категорично тврди дека „современа Финска не е независна" и дека поради тоа одбележувањето на овој празник нема никаква смисла. Тој наведе дека финската нација „се родила и развивала во составот на Руската Империја под раководството на императорот."
Рејо Тосаваинен исто така наведува дека Финска, додека била во состав на Руската Империја, имала свои сопствени закони и администрација, и дека од 1808 година, по наредба на императорот, руските чиновници не можеле да се мешаат во внатрешните работи на Финска.
„Законодавството на ЕУ е над финските закони, дури и над финскиот Устав", истакнува Тосаваинен и додава: „Додека беше во составот на Руската Империја, Финска имаше своја царина, своја валута, и дури своја сопствена централна банка, додека современиот царински сектор на Финска во целост е управуван од ЕУ, а сите одлуки за финансиската политика на земја се донесуваат од Европската централна банка."
Извор: "Руска реч на македонски"