Муслимани од Татарстан собраа парични средства за обнова на православните цркви кои беа запалени од вандали, пренесува ИТАР-ТАСС.
Кога информацијата за палењето на христијанските цркви пристигна до јавноста, верниците во џамиите прашаа како може да се помогне и кому треба да се дадат средства за обнова на црквите. Во текот на неколку недели беа собрани околу 200.000 рубљи, а прилозите и понатаму пристигнуваат. Кога се собра поголема сума, средствата им беа предадени на свештениците на православната црква.
Во Татарстан имаше седум случаи на вандализам во кои се оштетени православни цркви.
Соработниците на МВР и Федералната служба за безбедност веќе ги проведоа осомничените за палењето на црквите. Група младичи призна дека запалиле две цркви.
Извор: "Руска реч на македонски"