Во Преспанското Езеро уловен сом тежок 95 килограми
Двајца рибари од преспанското село Стење утринава уловиле сом тежок 95 килограми, а долг 230 сантиметри. По двочасовна борба сомот го извадиле на брегот од мрежата која претходниот ден ја фрлиле за улов на риба, пренесува МИА
Ловот на сом не е карактеристичен за Преспанското Езеро, кое е попознато по Преспанскиот крап, но се случува на неколку години.
Според зборовите на ихтиологот Живко Џуровски, сомот не е автохтон, но секако постои можност да се населил во Преспа со некое порибување кое се вршело од поодамна во Преспанското Езеро.
- Големината покажува дека условите за живот му одговараат, изјави Џуровски.
Поради фактот што ловот е забранет, сопствениците на трофејот остануваат анонимни, а сомот е веќе продаден.
Извор: "Нова Македонија"
|