Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » May » 14 » СВЕТСКИОТ ФАДО-ВОКАЛИСТ КАМАНЕ ЗАДУТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА
    1:35 AM
    СВЕТСКИОТ ФАДО-ВОКАЛИСТ КАМАНЕ ЗАДУТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА

    СВЕТСКИОТ ФАДО-ВОКАЛИСТ КАМАНЕ ЗАДУТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА

    Еден од најдобрите фадо вокалисти во светот - Камане и неговиот бенд на задутревечер (четврток) ќе настапат заедно со Македонската филхармонија во Универзалната сала во Скопје. Овој исклучителен претставник на фадо стилот, познат и како принц на фадото, ќе се претстави со неговиот проект „Најдоброто од 1995-2013“, кој е пресек на најдобрите и најпопуларни композиции на Камане снимени на 10 албуми за продукциската куќа ЕМИ и наградени со бројни призанија.

    Нашите филхармоничари ќе го придружуваат на концертот под диригентската палка на Борјан Цанев, а со нив ќе настапат и Хозе Мануел Нето на португалска гитара, Карлос Мануел Проенса на фадо-виола и Пауло Паз на контрабас.

    Камане, предводник на новата генерација фадо вокалисти, медиумите ширум светот го опишуваат како „најголемиот фадо пејач на нашето време“, а неговите албуми се продадени во милионски тиражи. Специфичниот стил на фадо-музиката има свои следбеници низ целиот свет, а самиот Камане смета дека „кога фадо-музиката се изведува со вистинска искрена емоција таа ги надминува сите јазични бариери“.

    Билетите за концерот се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија во Дом на АРМ.

    Корените на музиката фадо датираат од 20-те години на 19 век, но веројатно и многу порано. Доаѓа од зборот фадо, што значи судбина. На 27 ноември 2011 година, фадото е впишано во листата за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. 

    Извор: “Дневник“

    Views: 261 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024