СВЕТСКИОТ ФАДО-ВОКАЛИСТ КАМАНЕ ЗАДУТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА
Еден од најдобрите фадо вокалисти во светот - Камане и неговиот бенд на задутревечер (четврток) ќе настапат заедно со Македонската филхармонија во Универзалната сала во Скопје. Овој исклучителен претставник на фадо стилот, познат и како принц на фадото, ќе се претстави со неговиот проект „Најдоброто од 1995-2013“, кој е пресек на најдобрите и најпопуларни композиции на Камане снимени на 10 албуми за продукциската куќа ЕМИ и наградени со бројни призанија.