Рускиот народ има право да си ги оствари своите права во Југоисточна Украина
Регионалното здружение за македонско-руското пријателство „А.А.Ростковски" целосно го поддржува рускиот народ и проруски ориентираните граѓани да си ги остварат своите права во Југоисточна Украина.
Во соопштението ова здружение, а во интерес на објективното и непристрасно информирање, ги замолува македонските медиуми да не користат термини од типот на бунтовници, сепаратисти, терористи, милитантни сили и други непримерни изрази при известувањето за актуелните настани во Украина. „Проруски ориентираните граѓани и рускиот народ во Украина тоа не се. Ги поддржуваме сите напори и заложби за што поскоро намалување на тензиите и прекин на сите вооружени насилстава во Украина“. Регионалното здружение за македонско-руското пријателство „А.А.Ростковски“ во Битола ги охрабрува жителите на Украина да го покажат христијанството на дело и да не дозволат место нив некој друг да решава за нивната судбина.
Извор: “МКД“