Страшното невреме во Скопје предизвика поплави
Главниот град вечерва беше зафатен од големо невреме, проследено со силен град, врнежи и грмежи.
Големото количество дожд поплави повеќе улици во Скопје, а најстрашна беше глетката под „Стоковна куќа Мост“, каде беа поплавени неколку автомобили.
Дел од улиците беа побелени од градот.
Невремето го отежна сообраќајот, а дел од граѓаните пријавиле и поплавување на подрумски простории.
Поради состојбата, свикан е итен состанок на оперативното тело на Владата и град Скопје за координација и справување со поплавите, кој ќе се одржи во просториите на град Скопје.
Извор: “24 ВЕСТИ“
|