Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:58 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 4 » Дрвените играчки ја будат креативноста кај децата
    4:23 AM
    Дрвените играчки ја будат креативноста кај децата

    Дрвените играчки ја будат креативноста кај децата

    Овие пионерски, минијатурни дрвени возила што ги дизајнирав се направени од квалитетна бука, внимателно се обработени и не се лакирани. Речиси стопроцентно се од дрво и имаат заоблени рабови. Засега имаме неколку типа автомобили, формули, цистерни, трактори, но палетата може да се рашири и да опфати и други модели

    Дрвениот возен парк е подготвен за детските соби

    СЕРГЕЈ ПЕТРОВСКИ, ИНЖЕНЕР

    Денешните деца, кои растат затрупани со евтини кинески играчки, за жал, ретко или воопшто немаат можност својата креативност да ја поттикнуваат играјќи си со еколошки достапни едукативни предмети направени од вистинско дрво. Според стручњаците, токму ваквите изработки ги поттикнуваат имагинацијата и креативноста кај децата, а освен тоа се еколошки проверени и безопасни. Иако нивната изработка не е воопшто лесна и исплатлива, инженерот Сергеј Петровски во својот погон за производство на мебел „Дамико“, во близината на Скопје, од неодамна почна да прави уникатни украси од дрво, кои, како што вели, се наменети за мали и за големи деца.

    Дизајнот го направи тој самиот, а инспирацијата, како што ни рече, ја наоѓа во секојдневието, на Интернет, но и од контактите за време на честите патувања на разни саеми и семинари во странство. На оваа негова одлука, да го збогати производството со нешто оригинално, но и многу креативно, влијаеше и интересот на купувачите, а и недостигот на ваков тип производи на пазарот.
     
    ДРВЕН ВОЗЕН ПАРК 

    Кога неодамна го посетивме овој погон во близина на Чардак, нѐ заплисна благородниот мирис на дрвото, но и оној посилниот на лепилото и лаковите, карактеристични за вакви работилници. Меѓу експонатите што ги видовме, кои се дел од широката палета производи со потписот на „Дамико“ што веќе дваесетина години излегуваат оттука, навидум срамежливо, можеа да се забележат и дрвени камиони, валјаци, формули, цистерни... Сепак, наредени еден до друг овие дрвени уметнички дела, иако со мали димензии, личеа на вистински возен парк, подготвен секој момент да тргне кон многу домови.



    - Овие пионерски, минијатурни дрвени возила што ги дизајнирав се направени од квалитетна бука, внимателно се обработени и не се лакирани. Речиси стопроцентно се од дрво, освен неколку шрафови, иако и тие можат да се заменат со дрвени типли, и имаат заоблени рабови. Има опции за расклопување и склопување, за влечење... Засега имаме неколку типа автомобили, формули, цистерни, трактори, но палетата може да се рашири и да опфати и други модели. Доколку се остварат нашите замисли и заживее продажбата на овие дрвени украси, би сакал асортиманот да го прошириме и со дрвени коњчиња, мебел за деца, локомотиви и вагони, автобуси... Единствената лоша страна на овие играчки е што траат долго, па можат да им здодеат на децата, но и тогаш има начини да се обноват со боење со еколошки бои. А бидејќи се расклопуваат, секогаш можат како популарните трансформери да се претворат во нешто ново. Можат да ги употребуваат деца од 2 до 8 години, но секако и да бидат дел од колекции на возрасните - вели Петровски.

    КАМИОНЧИЊА-СУВЕНИРИ

    Но овие уникатни предмети може да бидат интересни и како сувенири или да се подаруваат како репрезентација, па дури и како новогодишни подароци и подароци за други пригоди. Засега овие ракотворби Петровски само ги подарува, бидејќи, како што вели, малку се одолжил процесот на наоѓање начин на нивно соодветно пакување и пласман, за почеток низ Македонија.

    Сергеј сѐ уште нема формирано цена на овие дрвени украси, но се надева дека на почетокот на идната година сите детали за пласманот и продажбата на овие дрвени украси ќе бидат познати. Само за споредба, исти вакви играчки во Норвешка чинат 50 долари за парче. 

    Многу е важно тие да се спакувани според сите прописи, пред сѐ, затоа што станува збор за дрвени екопредмети, чиј квалитет би можело да се намали ако бидат изложени на влага, сонце, прашина...
    - Играчките би се произведувале во три големини, мала, средна и голема, со можност кој сака да си ја набави целата колекција - вели тој.

    Меѓу уникатните предмети во „Дамико“ е и макета на дрвен концертен клавир, а во тек е изработката и на дрвен велосипед во природна големина. 
    Петровски досега бил дел и од манифестацијата „Дизајн вик“ со разни експонати, а учествувал и во опремувањето на новиот објект на МНТ и на големи и значајни објекти. 
    Во тек е и изработка на веб-страница, каде што заинтересираните би имале увид во целата понуда и каде што ќе бидат изложени сите досега изработени дрвени модели.

     
     
       
    Автор: Марија Таушанска / marija.a@novamakedonija.com.mk   Фотографија: Дарко Андоновски
     


     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 291 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024