Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 6 » ЌЕ ВЕЧЕРАМ СО БЕЗДОМНИЦИТЕ
    2:42 PM
    ЌЕ ВЕЧЕРАМ СО БЕЗДОМНИЦИТЕ

    ЌЕ ВЕЧЕРАМ СО БЕЗДОМНИЦИТЕ

     

    На Божик годинава ќе се израдуваат и бездомниците. Во прифатилиштето Момин Поток во Скопје, неколку дена со полна пареа се подготвува празничната трпеза. Таа ќе биде прва за нив, но најтопла и најбогата, вели долгогодишниот волонтер на Црвен крст на Град Скопје Александар Николовски.

    "И тоа не само со храна и со подароци туку и со љубов и со топлина. Тоа ќе им го дадам во изобилие. Овој Божик и за мене ќе биде прв надвор од дома, но јас знам дека ќе се чувствувам како дома", вели Николовски, кој веќе 14-та година е волонтер во Црвениот крст.

    Николовски, заедно со уште неколкумина волонтери лично учествуваат во подготовките. Во Момин Поток досега однеле речиси сe што е потребно. Пакети со храна, овошје и зеленчук, со средства за хигиена, ќебиња, шалови, капи, чевли и со друга топла облека.
    "На облеката секогаш најмногу се радуваат. Ја облекуваат и, иако е топло внатре, ја носат на себе одрадост дека чувствуваат топлина. Од среќа дека не чувствуваат студ, дури и забораваат дека пред нив има храна", вели Николовски.
    Токму тоа го доживеал за Нова година, која годинава ја прославил со нив во прифатилиштето.
    "И Нова година прославивме заедно. Јадевме, тие раскажуваа за сe што поминале во изминатава година на улица, и на крај си легнаа во топол кревет. Во очите им се гледаше преголема среќа. Ми се заблагодаруваа што бев со нив. Повторно би жртвувал сe, само да го видам тој момент на радостна нивните лица", се присети Николовски.
    Вели дека прославата на Божик ќе им биде продолжение на новогодишната ноќ. Ќе вртат лепче со паричка, а на тој што ќе му падне, ќе биде кум следната година.
    "Се надевам дека ќе дојдат сите што се на улица. За сите има доволно храна. Супа, чај, риба и уште многу готови производи ќе имаме за три дена. Среќен сум што повторно ќе бидам со нив", рече Николовски.
    Пунктот Момин Поток ќе остане отворен ноќе и по празниците, додека температурите се под нулата. 
    "За Нова година сите посакаа да добијат топол дом. Тоа што ќе можат подолго да останат во пунктот, макар и за кусо, ќе значи остварување на нивната желба", рече Николовски.

    М. Ѓорѓиевска
    Фото: 

    Донирајте храна и облека на 070-317-803 и 070- 250-054

    Црвен крст на Град Скопје повикува граѓаните и фирмите да донираат храна и облека за бездомниците на телефонските броеви 070-317-803 и 070- 250-054.
    Волонтери на организацијата во наредниот период ќе излезат на терен и ќе ги бараат бездомниците кои досега не се јавиле во Момин Поток.
    Црвен крст на Македонија деновиве подели по 300 пакети храна и средства за хигиена и два тона облека низ целата држава.

    Извор: “Вест.мк“
    Views: 347 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024