Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 8:52 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 9 » Со неговите инструменти се отсвирени најубавите македонски народни песни
    4:26 AM
    Со неговите инструменти се отсвирени најубавите македонски народни песни

    Со неговите инструменти се отсвирени најубавите македонски народни песни

    Тој од јасен ги изработува зурлите, а кавалите и гајдарките од орев и цреша, додека за писките употребува трска. До таа мера е навлезен во креатурата на музичките инструменти што почнува самиот да прави и хармоника, што можеби е прв случај во земјава

    КИЧЕВЕЦОТ ВЕЛЕ КРСТЕСКИ СО ДЕЦЕНИИ ПОСВЕТЕН НА ПОВЕЌЕ ЗАНАЕТИ 

    Кичевецот Веле Крстески е по малку необичен спој на музичар хармоникаш, мајстор за изработка на дувачки инструменти и воедно копаничар. Тој повеќе од четири децении е неразделен од хармониката, а три децении е во нераскинлива врска со глетото и преостанатите алати потребни за изработка на музички инструменти и изработка на копаничарски дела. Иако никогаш не се школувал да биде музичар, тоа не било голема пречка перфектно да свири на хармоника и на клавир, а последните години да ги совлада и тајните на дувачките инструменти, пред сѐ на саксофонот. Крстески сосема случајно започнал да свири хармоника, а тоа се случило кон средината на шеесеттите години, кога неговиот постар брат Слободан, кој се наоѓал на школување во Нови Сад, го информирал дека купил хармоника. Оттогаш во него се родила желбата и тој да почне да свири на овој инструмент. 

    - Откако брат ми во писмо ми напиша дека купил хармоника, јас го замолив кога налето ќе дојде дома да ја донесе и хармониката. И токму тоа и се случи, брат ми ја донесе хармониката марка „велтмајстер“ со пет регистри, а кога ја видов во мене уште толку порасна желбата да станам хармоникаш. Секојдневно затворен во својата соба по пет-шест часа ја совладував музичката абецеда на хармоника. Најпрво ги научив нашите најпознати народни песни, а потоа повеќе ме привлекуваа ората, а како идол во тоа време ми беше Бранимир Ѓокиќ - се присетува трпеливиот Веле, кој е пензиониран полицаец.

    По уписот во средното полициско училиште во Скопје, тој членува и во тамошниот оркестар, за потоа да почне своето музичко умеење да го демонстрира и пред поширокиот аудиториум во градот и во земјава.
    - По две години откако почнав да работам ја купив и првата своја хармоника марка „далапе“. Откако ги совладав тајните и на оваа хармоника, станав член и на КУД „Нико Пусоски“, а потоа почнав да свирам и на најголемите забави во градот во тоа време на Китино кале. Во 1979 година со двајца колеги формиравме и оркестар, кој функционираше цели три години и во тоа време свиревме и на многу свадби. Откако престана да постои овој оркестар, продолжив и понатаму да свирам, но покрај со музика, почнав да се занимавам и со обработка на дрво, а првите мои производи беа буриња и каци - додава Крстески, кој, покрај овие производи од дрво, го влече желбата да изработува и народни дувачки инструменти. 
    Неговиот талент му овозможува брзо да напредува и во овој занает, а најдобар доказ за тоа е дека неговите дувачки инструменти се меѓу најбараните, а ги користат најпознатите музичари во земјава.
    - Покрај изработката на каци и буриња, нешто ме копкаше да почнам со изработка и на народни дувачки инструменти. И по една деценија почнав да изработувам кавали, зурли и гајдарки за гајди, за кои можам да гарантирам дека се од екстра-квалитет. Дека навистина моите инструменти се од исклучителен квалитет говори и фактот што за нив се заинтересираа и ги користат членовите на групата „Синтезис“, како и на оркестарот на Народни инструменти при МРТ. Така што најквалитетните дувачки инструменти во земјава на кои се отсвирени најубавите македонски народни песни се мое дело. И денес имам многу порачки, но јас пред сѐ сакам да понудам квалитет и затоа не ми се важни заработката и количеството изработени инструменти - дополнува Веле Крстески, кој за изработка на еден дувачки инструмент троши околу еден месец.

    Тој од јасен ги изработува зурлите, а кавалите и гајдарките ги изработува од орев и цреша, додека за писките употребува трска.
    Тој до таа мера е навлезен во креатурата на музичките инструменти што почнува самиот да прави и хармоника, што можеби е прв случај во земјава.
    Мултиталентираниот Крстески во исто време почнал да се занимава и со копаничарска дејност, со која е преокупиран и ден-денес. 

    - Откако ја видов сликата на св. Димитрија, веднаш посакав да ја формирам во дрво. Иако немав соодветен алат, морав со постоечките длета да го создадам своето прво дело. Кога моите први дела, иконите на св. Димитрија и св. Никола, ги виде претседателот на Здружението на копаничарите на Македонија, Злате Крстевски, веднаш ми понуди членство во здружението и го пофали мојот екстра-талент - вели Крстески, кој учествувал на повеќе копаничарски колонии, а бил дел од изложби во Битола, Охрид и во Кичево.
     
       

    Автор: Зоран Антоски

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 376 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024