Јаценјук: За време на ВСВ СССР изврши инвазија врз Украина и Германија
Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук во интервју за германската јавна телевизија ARD, меѓу другото, изјави дека Русија „се обидува да ги препише“ резултатите од Втората светска војна.
Зборувајќи на телевизијата, украинскиот премиерот ја изедначи својата земја со фашистичката Германија, изјавувајќи дека во текот на Втората светска војна „русите маршираа низ териториите на Украина и Германија“, пренесува РИА Новости.
„Руската агресија врз Украина, тоа е напад на светскиот поредок и поредокот во Европа. Ние сé уште добро се сеќаваме на инвазијата на СССР врз Германија и врз Украина. Не смееме да го дозволиме тоа. Никој нема право да ги препишува резултатите од Втората светска војна. А токму тоа се обидува да го права рускиот претседател (Владимир) Путин“, изјавил Јаценјук.
Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук во четвртокот престојува во официјална посета на Германија, каде што се сретна со претседателот Јоаким Глаук, а потоа и со канцеларката Ангела Меркел, при што разговараше за странската финансиска помош и економската состојба во неговата земја, за инвестиции и за енергетската сфера./крај/мф/сн
http://makfax.com.mk/svet/evropa/jacenjuk-za-vreme-na-vsv-sssr-izvrsi-invazija-vrz-ukraina-i-germanija
Извор: “Макфакс“
|