Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 1:05 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 16 » СУВО ОВОШЈЕ МЕВЛЕМ ЗА ОРГАНИЗМОТ
    8:24 PM
    СУВО ОВОШЈЕ МЕВЛЕМ ЗА ОРГАНИЗМОТ

    СУВО ОВОШЈЕ МЕВЛЕМ ЗА ОРГАНИЗМОТ

    Суви кајсии, урми, смокви, сливи... Кој да му одолее на сушеното овошје - и вкусно и корисно. Тоа е извор на енергија што многу бргу стигнува до крвотокот, па иако висококалорично претставува ризница на хранливи состојки кои му се потребни на организмот (белковини, витамини, минерали и влакна).

    Кај нас најмногу ја има сувата слива а таа е одлична за регулација на варењето, и затоа што го спречува запекот. Освен тоа, сливата го намалува холестерот и на тој начин го штити и срцето. На жените им се препорачуваат 10-12 суви сливи дневно, кои ќе им помогнат да го спречат губењето на коскеното ткиво, предизвикано од опаѓање на нивото на естроген. 

    Сувото овошје е многу богато со минерални материи, калиум и магнезиум. На пример, во 100 г суво овошје просечно има 600-800 мг калиум, а сувите кајсии се најкорисни - содржат над 1.300 мг калиум и рекордна количина на бета-каротен- 4.620 мг во 100 г . 

    Еве уште некоја причина зошто треба да консумирате сушено овошје. Тоа содржи големо количество железо, а претставува и совршен коктел од оксиданти, витамини Ц, Е и бета каротен. 

    Сушеното овошје е хиперкалорична храна и е особено благотворно во зима - обезбедува дополнителна енергија за ладните зимски денови. 

    Сушеното овошје треба многу да се џвака и на овој начин го поттикнува варењето и циркулацијата во пределот на главата. 

    Сушените банани и јаболка треба да се земаат како алтернатива на слатките, зашто претставуваат совршена заштита од стресни ситуации. 

    За оние кои имаат проблем со висок крвен притисок најдобро е да јадат суви кајсии, кои во себе речиси и да немаат сол, а за превенција од анемија најдобро е да се консумираат суви смокви. Четири суви смокви прават четвртина од препорачаната дневна доза на железо, а за да го засилите дејството, комбинирајте ги со сок од портокал, природен извор на витамин Ц. Освен тоа сувите смокви содржат многу пектин, кој може да го намали холестеролот во крвта, содржат и триптофан кој обезбедува добар сон и му помага на мозокот правилно да ја искористи гликозата. Во 100 г смокви има дури 17,5 мг магнезиум, кој е еден од клучните фактори за заштита на организмот од стресот.

    Важно место меѓу сушеното овошје зазема и вишната - таа е природен извор на мелатонин, состојка која го контролира внатрешниот часовник во организмот и го регулира спиењето. Им се препорачува на лицата кои страдаат од несоница, а помага и при исфрлање камен од бубрег. 



    Здрави урми

    „Лебот на пустината “има голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 отсто јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави. Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се најактуелни за време на божикните празници. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум. Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии. Оксидансите од урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак, тогаш најмногу се искористуваат добрите состојки.



    Наместо слатки

    Здрави топЧиња

    Потребно е: 100 г суви сливи, 100 г кајсии, 100 г мелени ораси, 3 лажици мед и цимет.

    Сувото овошје се става во блендер, се додаваат оревите, мед и цимет, се прави хомогена маса, а од неа топчиња.

    Овошни штангли

    Потребно е: филџан и пол овесни снегулки, филџан сечкано суво овошје по желба, 3 лажици мед, 3 лажици сок од портокал, половина филџан сечкани ореви и 2 лажици растопен путер.

    Состојките се мешаат и се распоредуваат по тепсија обложена со хартија за печење. Смесата се пече 10 минути, додека тестото не пожолти. Потоа се сечат штангли.

    Полнети урми

    Потребно е: 1 кутија непресувани урми, 100 г мелени ореви, 100 г чоколадо за готвење, малку путер.

    Најпрво од урмите се вадат семките, а настрана се мешаат мелени ореви, со шеќер во прав и сок од половина лимон. Секоја од урмите се полни со смесата од ореви, шеќер и сокот од лимон. Настрана се топи путер, а потоа се прелеваат со него.

    Нашите баби беа во право кога не' советуваа на масата секогаш да имаме чинија суво овошје. Иако не е толку привлечно како свежото, сувото овошје има свои предности - завидно количество на железо, витамини Ц, Е, бета-каротен, одличен борец против слободните радикали

    Јаткасти плодови за здравје

    Новите истражувања покажаа дека луѓето кои редовно консумираат бадеми, лешници, кикиритки, ореви, ф’стаци или некое друго јаткасто овошје, но во сурова форма, живеат подолго од оние што тоа не го прават. 

    Стручњаците за исхрана препорачуваат неделно неколку пати да грицкате вакво овошје, бидејќи на тој начин ќе го подобрите вашето здравје. Јаткастите плодови содржат цинк, железо, магнезиум, што помага во заштитата од рак на простата и го спречува губењето меморија. Полни се со витамините Е и Б и омега 3 масни киселини. Содржат и масти, но од оние добрите кои се корисни за организмот. Јаткастите плодови се препорачуваат особено во зима, како замена за слатките.

    Ореви - богати се со масни омега 3 киселини, кои ги смалуваат воспаленијата кои ги оштетуваат артериите. Исто така, помагаат и во заздравување на повредените или скршени коски. Ако јадете ореви често, ќе го подигнете нивото на добриот холестерол. 

    Бадеми - дел од влакната кои се наоѓаат во бадемите ја блокираат апсорпцијата на маснотии. Учесниците во последното истражување тврдат дека се чувствуваат сити по јадењето бадеми, па потоа за време на другите оброци јадат помалку. Една рака бадеми дневно обезбедува околу 35% од потребната дневна доза на витамин Е, важен антиоксиданс кој штити од Алцхајмерова болест.

    Кикиритки - грицкањето кикиритки најмалку петпати неделно може дури и да го преполови ризикот од срцев удар. Откриено е дека кикиритките го намалуваат холестеролот, спречуваат воспаленија и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.

    Ф’стаци- во споредба со останатите јаткасти плодови, ф’стаците содржат поголема количина протеини, а помала масти. Влијаат врз намалување на лошиот холестерол (LDL) и го зголемуваат добриот (HDL). Богати се со антиоксиданси, како и витамините А и Е. Одлични борци се против воспаленија, ги штитат крвните садови, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го зголемуваат нивото на моќниот антиоксиданс лутеин. Ф’стаците се извор на витаминот Б6, кој е неопходен за производство на хемоглобин. Содржат и два каротеноиди кои ги нема во повеќето јаткасти плодови, лутеин и зеаксантин. Ф’стаците се одличен извор и на витаминот Е, кој е моќен антиоксиданс.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 276 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024