Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 12:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 16 » Украина почнува мобилизација на дури 50.000 луѓе
    8:27 PM
    Украина почнува мобилизација на дури 50.000 луѓе

    Украина почнува мобилизација на дури 50.000 луѓе

    Објавено е дека на 20 јануари ќе започне нова мобилизација во Украина, а Лавров смета дека ќе се случи вистинска катастрофа доколку Порошенко тргне во војна, пренесува Новости.

    Украинските власти соопштиле дека на 20 јануари ќе почне нова тура на мобилизација и воена униформа би требало да облечат околу 50.000 луѓе. Ќе бидат мобилизирани млади војници, но и резервистите. Министерот за одбрана Стјепан Полторак изјавил и дека ќе бидат ангажирани уште околу 10.500 војници на договор. За сега властите тврдат дека нема да се викаат во војска студентите и постдипломците.

    Дали станува збор за нова офанзива ќе се знае многу брзо. Претседателот Петро Порошенко побарал од владата да му даде рок од седум дена за да подготви предлог закон за бројот на оружените сили на Украина во 2015 година. Пред парламентот наскоро треба да се најде и закон за воената политика.

    Само неколку дена пред Нова година претседателот Порошенко им кажал на новинарите во Киев дека Украина во овој момент нема сили да тргне во ослободување на Донбас. А дали ќе ја има по новата мобилизација останува нејасно. Еден од највоинствените украински политичари, секретарот на Советот за безбедност и одбрана на Украина Олександр Турчинов кон крајот на 2014 изјави дека наскоро ќе имаат армија од дури 100.000 луѓе.

    Поранешниот министер за одбрана на Доњецката народна република, пензионираниот руски полковник Игор Стрелков, кој стана славен со одбраната на Славјанск, тврди дека Украина уште сега има седум пати поголема армија од силите на бунтовниците во Доњецката и Луганската област.

    „Кога Порошенко ќе ја даде командата за напад зависи од проценката на Киев дека се спремни да војуваат. Можеби тоа ќе се случи на почетокот на пролетта, но не е исклучено да биде и порано“, објаснил Стрелков.

    А дека е многу изгледно дека ќе почне вистинска војна во источна Украина предупредил и германскиот министер за надворешни работи Валтер Штајнмаер, кој сегашната ситуација на теренот ја оценил како „многу заплетката“. Двете завојувани страни се обвинуваат едн со друга дека не го почитуваат примирјето. Освен тоа, не се разменети сите воени заробеници, а се спречува и дистрибуцијата на хуманитарната помош...

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека ќе дојде до вистинска војна доколку украинските сили тргнат во нова офанзива.

     

    „Ние имаме информација дека во Киев се подготвува воена операција, која не ја демантираат украинските лидери. Русија и понатаму предупредува и бара Западот да ја вразуми „воената банда“ во Киев“, кажал Лавров и додал дека само со продолжување на преговорите и реализирање на договорот од Минск може долгорочно да се реши проблемот во источна Украина. Лавров предупредува дека воопшто не се знае каков статус имаат батаљоните кои ги финансираат украинските олигарси како и единиците на таканаречениот Десен сектор. Тие упорно одбиваат да бидат под команда на војската или полицијата, и инсистираат да останат целосно самостојни.

    Извор: “МКД“

    Views: 258 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024