Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 1:07 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 18 » Понуда на националните телевизии: Кич, шунд и балкански кралици на ноќта
    4:26 AM
    Понуда на националните телевизии: Кич, шунд и балкански кралици на ноќта

    Понуда на националните телевизии: Кич, шунд и балкански кралици на ноќта

    Велат дека некогаш е добро да се фрлаат дрва и камења по она за што мислите дека е лошо. Некои ќе ви речат дека само ќе ја влошите ситуацијата, но како на друг начин да се покаже дека нешто не чини, и не само тоа, туку дека лошо влијае на младината, им го расипува вкусот за добро и лошо, па кичот и шундот им го претставува како нешто модерно и многу популарно.

    Дај освестете се ве молам.

    Не е јасно дали некој многу сериозно го сфатил истражувањето од 2013 година на една агенција за тоа каква е застапеноста на разните програми што се нудат на националните телевизии, па одлучиле да откупат музички емисии, а со каков квалитет, не е важно. Нека се радува народот.

    Имено, според резултатите од 2013 година се вели дека 52 отсто од испитаниците се изјасниле дека на македонските телевизии недостигаат музички емисии. Се мислело на музички емисии, не на шунд-емисии. Ако повторно се навратиме на законските одредби, постои закон од 2013 година што предвидува 30 отсто од вкупната програма да биде вокална и инструментална музика од македонски автори или неделно најмалку осум часа да се пушта музика од македонски автори.

    Што сфатиле некои од македонските телевизии дека е емитување на македонска музика, тоа што некое детенце од внатрешноста на земјава ќе ја отпее „Јовано, Јованке“ или „Зајди, зајди“ во рамките на овие т.н. музички емисии, навистина треба да се запрашаме.

    Станува збор за разните шоуа, музички (?) каде се шири кич, невкус, искривен вредности, се во името на музиката. Веројатно се водат под паролата: „Кој што пее, зло не мисли“. Точно, но не во тој контекст. Отсекогаш постои правилото дека музичките изведувачи стануваат идоли на многу млади. Од таму и загриженоста за она што се нуди како музичка програма на неколку приватни национални телевизии.

    Никој не би негодувал ако станува збор за шоуа на таленти на кои се одбираат вистински пејачи, деца кои имаат талент, а никогаш немале можност да се покажат и ете едноставно имаат желба да пеат, па треба некој од стручна, велам стручна публика и нагласувам уште еднаш, да ги одбере и да им каже: „Да, ти знаеш да пееш, имаш талент, од тебе ќе биде пејач“.

    Една од македонските пејачки што на оваа тема неодамна се огласи, со право, на својот профил на Фејсбук, е Кристина Арнаудова, која го сподели овој статус: „Де бре, аман, нѐ угушивте и уназадивте за 100 години!!! Крај немате! Во земјава музичари прават авторска музика, млади деца прават авторска музика, пеат и свират своја нова музика, а вие по цел ден прикажувате аудиции на луѓе што пеат туѓи песни. За 100 години младите назад ги вративте. Наместо да ги мотивирате да создаваат своја музика, вие кафански пејачи сите ги направивте. За нас што постоиме и создаваме што нѐ погребавте ич муабет не правам. Аман! До кога? Имате ли некаква совест?Правите штета што никој нема да ја поправи. Иднината на земјава ја погребувате. Медиуми!!! Се срамам за вас, бидејќи вие немате ни срам ни усул!!!“

    Да не спомнуваме каква програма се нудеше на некои телевизии за време на Нова година. Ако ова е популарна музика од Балканот, изгледа дека многу луѓе со години живеат во страшна заблуда. Се радуваат на звуците на синтисајзерот и лириката отпеана на некој јазик од блиско соседските земји, од пејачи со сомнително потекло. Пејачи што не се фалат со тоа какви вокални способности имаат, туку со тоа кој има поголемо деколте, кој вози поскап автомобил, кој каква операција на телото направил и секако кој носи пократко здолниште.

    Ако треба такви вредности да им се пренесуваат на нашите млади, тогаш да си се фрлиме сите во Вардар.

    Еве го парадоксот, неофицијално овие т.н. музички програми нашиов народ ги гледа, и на премиера и на реприза, и ги прераскажува случките, кој на кого како му спуштил и кој бил посекси облечен. Што значи дека за телевизиите се исплатливи, финансиски. А каде е тука одговорноста кон тоа што се шири непрофесионализам и шунд, никој не прашува.

    Изгледа дека за успех била потребна фигура како Памела Андресон, преправена во некоја од балканските кралици на ноќта и секако високи штикли со топуци. Со среќа со тој памет.

     

                                                                                                                                 Н.Г.

    Извор: “МКД“

    Views: 288 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024