Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“
Во сабота, со почеток од 19.30 часот, во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржи традиционалниот Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“.
На концертот ќе настапат три постави на ансамблот, а како гости ќе се појават ветерани играорци од различни генерации, кои низ годините наназад биле успешни членови на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“.
Во понеделник, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, ќе биде отворена изложба на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Владимир Темков.
Изложбата содржи дела од неговиот најнов творечки циклус, кои првпат се појавуваат пред ликовната јавност и носи наслов „Житни полиња – трски и топки“.
По успешната Премиера и полниот салон во првите две репризни изданија, театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во среда, на 21 јануари 2015 со почеток од 19 часот повторно за љубителите на театарската уметност ќе ја игра претставата „Сомнително лице“, по текст на Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Диме Коцевски. Со оглед на тоа што за претставата се бара карта повеќе, кавадаречките актери имаат театарски производ кој долго ќе биде на репертоарот на матичната сцена во кавадаречкиот Дом на култура./крај/со/бб
http://makfax.com.mk/kultura/aktuelno/godisen-koncert-na-folklorniot-ansambl-tikves
Извор: “Макфакс“
|