Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:57 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 20 » Во Кавадарци изложба на Владимир Темков
    0:22 AM
    Во Кавадарци изложба на Владимир Темков

    Во Кавадарци изложба на Владимир Темков

    Владимир Темков еден од нaјплодните ликовни уметници во Кавадарци својот триесетгодишен јубилеј творештво одлучи да го одбележи со повеќе изложби

    На празникот Богојавление- Водици и воедно негов роденден беше отворена изложба во Галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ под наслов „Житни полиња“ која за десетина дена ќе биде пренесена во Скопје, потоа во Париз и Турција.

    -Доминантен израз и фактура на ликовните дела од Владимир Темков се колоритните трски и огнените топки како редок и несекојдневен спој на живото и неживото, на кревкото и трајното. Во контрастот на мртвата и живата природа, тука се и заоблените елиптични форми од чии јарки бои најчесто проличуваат птици, разнобојни, молчаливи, разлетани, разгракани - вели професорот Христо Петрески за сликите на Темков.

    Птиците произлегуваат речиси од секое ликовно дело на Владимир Темков.

    -Геометриски омеѓени, тие ја доловуваат и создаваат динамиката на живост на сликата, но го искажуваат и внатрешниот бунт и творечкиот немир на авторот. Главни ликовни протагонисти се птиците, но тука се и трските и топките кои почнуваат да добиваат и други облици, па наликуваат на птичји јајца. Јајцата се нуклеуси, јадра, зародиш на животот, се! Во нив е содржана сета тајновитост и имагинација, но, тука е и житото и неговиот плод. Зрното на мудроста, есенцијалноста, вселената , планетарноста, реалитетот наспроти бескрајот. Во тој невиден и катадневен антагонизам, циркулира енергијата, доаѓа до израз контеплацијата и синергијата, се будат емоции и чуства, пориви и страсти, загатки и дилеми – додава Христо Петрески за ликовните дела на Владимир Темков.

    М.М.

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 221 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024